Не го пропуштајте второто издание на Fit Games!

На што се должи целата фама околу Fit Games? За кого е наменет овој настан? Дали вие треба да се вклучите во него на каков било начин? Во продолжение ќе ги одговорам овие прашања од позиција на организатор на настанот, но и од позиција на некој кој е активно вклучен во фитнес светот.

Што е Fit Games?

Fit Games Competition е натпревар во функционален фитнес. Настанот е од отворен тип, што значи дека може да се пријави секој што се чувствува спремен да ги тестира сопствените граници. Отворен е и за публика, па ако не сте спремни за натпревар можете да дојдете за поддршка на натпреварувачите, но и да бидете сведоци на сѐ она што може да се постигне со доволна желба и мотивација.

Основната цел и мотив за организација на овој настан е промоција на здравиот и активен стил на живот преку натпревар кој делува мотивирачки и на учесниците и на гледачите. Борбата низ која поминува секој од натпреварувачите најпрвин сам со себе, а потоа и со конкуренцијата во тие неколку часа, е навистина исклучително искуство кое не треба да го пропуштите. 

fit games 2

Зошто да се натпреварувате на Fit Games?

Ќе го цитирам Оливер Целески, сопственик на Nagomy фитнес центарот, како активен кросфитер 6 години, а фитнес ентузијаст веќе 17 години. Покрај многубројните награди кои ги има добиено на натпреварите на кои учествувал до сега, добитник е и на титулата Fittest in Macedonia во 2017. Дел е од организацискиот одбор на Fit Games, а минатата година беше и главен судија на натпреварот: „Што е твојата добивка од учество на натпревар: подобрен перформанс, зголемена самодоверба, искуство кое ги открива твоите слабости, зголемена мотивација, задоволство од постигнат резултат, после натпревар имаш друга перцепција за тренинг, на натпревар никогаш НЕ ГУБИШ – или ПОБЕДУВАШ или УЧИШ…“

Освен личната сатисфакција, натпреварувачите на Fit Games оваа година ќе имаат можност да освојат и вредни награди!

  • Прво место во двете категории (мажи/жени): по 200 евра, Nike спортски ранец + пакет награди
  • Второ место во двете категории: по 100 евра + пакет награди*
  • Трето место во двете категории: по 50 евра + пакет награди*

*Пакет награди за првите три места: Пилешки и мисиркини месни производи од Perutnina Ptuj; CryoMK ваучери (терапија во cryo сауна за прво место, local cryo therapy за второ место, Normatec recovery за трето место), ваучери за бесплатен дијагностички преглед во Qubit plus; пакет протеински и енергетски барови од BeHealthy.

награди Fit Games

Сите учесници на Fit Games ќе добијат arm band за носење на телефонот на рака, ваучер за 20% попуст за дијагностички преглед во Qubit plus, дизајнирана маица, оброк од Fitness House, вода MaYa, и овошје (банани и јаболки). 

Овогодинешниот настан го организираме во соработка со NagomyFitness Centre, со голема поддршка од Општина КарпошEwopharma Makedonija (Flexofytol), Skopje City Mall,  Fitness HouseMaya Water, Nike, Perfect Poultry(Perutnina Ptuj), BeHealthyCryo MKQubit plusМлекара ЈОКАSN OSIGURITELEN BROKER и нашите пријатели Ultimatefit AlebrasФитнес Револуција, и mojtrener.mk

Зошто да го поддржите овој настан?

Затоа што на храбрите натпреварувачи ќе им треба поддршка во тешките моменти, во борбата со себе. Затоа што ќе се здобиете со знаење и мотивација за здрав и активен живот. Затоа што ќе имаме одлична забава во спортски дух, со музиката на Irie Scratch и позитивата на Марко Новески 🙂 Затоа што овој настан заслужува да стане традиционален, како место каде што фитнесот ги спојува луѓето и поставува база за нови вредни пријателства.

Ова е втор пат како се одржува Fit Games, а веќе доживува драстичен скок во квалитетот, капацитетот, бројот на поддржувачи и вкупниот фонд на награди! Паралелно на тоа, нашето задоволство и мотив како организатори да приредиме незаборавно искуство за сите кои ќе бидат дел од овој настан е уште поголемо. ☺

Ако се појавите на Fit Games во улога на натпреварувач ова искуство ќе ви помогне да научите многу за себе и до каде се вашите сопствени физички лимити, а како гледач без сомнение ќе искусите одлична забава, затоа што ваков вид на натпревар е навистина предизвикувачки, а со тоа и многу интересен за гледање.

Како поминавме на Fit Games Vol.1

  • Се одржа на 28.10.2017, траеше 5 часа
  • 28 натпреварувачи влегоа на теренот да ги измерат силите
  • 6 судии ги следеа во чекор и ги мотивираа да ги издржат вежбите до крај
  • Поделивме по 3 медали и награди во категорија мажи и жени
  • Медиумски нѐ поддржаа 10 веб портали, 3 телевизии и 1 радио
  • Партнерски нѐ поддржаа Ewopharma (Flexofytol), вода MaYa и Prote.in
  • Почна како идеја за спојување на фитнесот и забавата, за дружење помеѓу група на луѓе кои го сакаат и практикуваат овој стил на живот, а заврши како исклучително успешен настан – оние кои се натпреваруваа го искусија натпреварувачкиот дух на таков вид на натпревар, а оние кои беа присутни како публика можеа да се забавуваат, гледајќи како изгледа еден натпревар во функционален фитнес

fit games 1

Детали за натпреварот

Fit Games Vol.2 ќе се одржи на 7 октомври (недела) од 12 часот на платото пред Skopje City Mall (до терасата на Тренд). Котизацијата за учество е 400 денари и вклучува високопротеински и енергетски оброк од Fitness House, вода, овошје и дизајнирана маица за натпреварот. 

Бројот на учесници е ограничен на 40 мажи и жени. Пријавувањето трае до 29 септември, а може да се реализира преку приватна порака на официјалната Facebook страница на Fit Games, во Nagomy fitness studio, Фитнес Револуција, Ultimate Fit Alebras, Мој Тренер, и во порака на некој од нивните профили на социјалните медиуми.

Натпреварот ќе се одвива во 3 дела – од резултатите во првите 2 дела ќе се издвојат 10 машки и 5 женски натпреварувачи кои ќе продолжат во финале, односно во третиот дел од натпреварот каде што ќе се натпреваруваат во уште една вежба. Како и минатата година, последната вежба ќе им биде соопштена на лице место на натпреварувачите кои ќе влезат во финале.

вежби Fit Games

Пријавувањето е во тек, местата се ограничени, побрзајте! 🙂

За сите детали и новости следете ја страната Fit Games Vol.2

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *