8 причини зошто се тежинските тренинзи посебно корисни за жените

Се надевам дека до сега веќе утврдивме дека тежинските тренинзи сами по себе нема да ве направат големи и мускулести ако тоа не е вашата цел. Сега на ред е да ги прочитате овие 8 од многуте придобивки што ги носат вежбите со тежини и да дојдете во теретана! 🙂

1. Цврст задник, раце и нозе

Да почнеме од најочигледните резултати 🙂 Иако верувам дека личното задоволство и чувство на исполнетост доаѓаат од многу различни аспекти, степенот до кој сте среќни од одразот во огледалото е исто така силен фактор којшто влијае на нив. Од таа гледна точка убавината на тежинските тенинзи е во нивната моќ истовремено да се ослободите од вишокот телесни масти и да ги зацврстите мускулите на начин и до степен до кој сакате. Практично, имате можност да го „вајате“ вашето тело според вашите желби и физички предиспозиции.

2. Сила

Вежбањето со тежини ве прави физички посилни, тоа е логично, но не и така едноставно како што звучи. Кревањето на тежини само по себе нема да ви даде сила, ниту пак да ве направи фитнес модел. Тежинските тренинзи бараат развивање на способност за справување и со физичкиот и со психичкиот предизвик што доаѓа со нив. Бараат фокус и одлучност да се издржат моментите кога мислите дека е претешко или дека стагнирате со резултатите и ќе помислите да се откажете. Ваква сила ќе развиете по одредено време поминато со железото во теретана. 🙂

тежинските тренинзи за жените 1

3. Брзо опоравување

Некои луѓе мислат дека тежинските тренинзи се опасни, но вистината е сосема спротивна. Многу е поопасно да влезете во замката на неактивност и физичка немоќ. Ќе станете поподложни на повреди од секојдневните активности и ќе ви треба повеќе време да се вратите во нормала. Вежбите со тежини ве прават многу поиздржливи и ги поттикнуваат телесните процеси на опоравување. Освен мускулите, ги зајакнуваат вашите коски, зглобови, лигаменти и тетиви, со што ви даваат поголема стабилност и флексибилност.

4. Интелектуална бистрина

Вежбањето со тежини го избиструва умот. Иако можеби логиката ви кажува дека ќе бидете изморени по физичкиот напор, од тренинг ќе излезете со побистар ум и фокус отколку што би биле по испиена дупла доза кафе. Ако некогаш сте вежбале наутро сигурно сте го почувствувале тоа.тежинските тренинзи за жените 3

5. Поквалитетен сон

Не треба да бидете психолог за да знаете дека несоницата и анксиозноста одат во пар. Единственото прашање е дали анксиозноста не ви дава да спиете или несоницата ви создава анксиозност. И двата одговори можат да бидат точни во зависност од конкретна ситуација. Понекогаш и самата грижа да си обезбедите доволно сон ве држи будни. Добрата вест е што тежинските тренинзи можат да ви помогнат да го решите овој проблем бидејќи докажано ја намалуваат анксиозноста и го подобруваат квалитетот на сонот.

6. Намалување на телесните масти додека спиете

Да, освен што ќе спиете подобро, по тежинските тренинзи ќе се будите позгодни 🙂 Вежбањето со тежини ја зголемува чистата мускулна маса која е метаболички најактивното ткиво во телото. Едноставно кажано, на мускулите им требаат калории за да се одржуваат, па тие ги земаат од мастите околу нив. Така поттикнуваат промени во хормоналната контрола во ендокриниот систем и резултатот е согорување на вишок масти додека спиете, без капка пот. 🙂

тежинските тренинзи за жените 5

7. Поголема самодоверба

За да напредувате во фитнесот морате редовно да излегувате од зоната на комфор, а токму тогаш откривате дека можете многу повеќе отколку што сте мислеле. Така стекнувате самодоверба што се рефлектира на сите ваши предизвици во и надвор од теретаната, и физички и психички.

8. Полесна бременост

Кога ќе настапи бременоста нема да можете да направите многу за себе ако не сте биле физички активни претходно. А ако вежбате со тежини барем една година пред бременоста ќе ги зацврстите стабилизаторните мускули што ви требаат за справување со зголемената тежина и при породувањето. Освен тоа, ако сте биле активни пред бременоста, ќе можете да изведувате одредени вежби и додека трае таа, по консултација со вашиот лекар и тренер. Тежинските тренинзи исто така помагаат при одржување на здрави хормонални нивоа во телото, што влијае многу позитивно и на мајката и на детето. Ако веќе сте родиле, вежбите со тежини најбрзо ќе ве вратат во форма подобра од онаа што сте ја имале пред  бременоста. 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *