5 начини како да ја подобрите вашата флексибилност

Ако сметате дека допирањето на вашите прсти на нозете од исправена положба е нешто недостижно кое никогаш нема да го постигнете, знајте го ова – вежбите кои ги практикувате во комбинација со храната која ја конзумирате, хидратацијата и животниот стил кој го водите имаат големо влијание на вашата флексибилност. Подобрување на способноста на телото да се витка е многу поважно од колку само превенирање од повреда. Всушност, флексибилноста е важен аспект во зголемувањето на сила и мускулна маса. По...
More

10 вежби за раце што ќе го поттикнат прогресот што го сакате

вежби за раце
Ако тренингот што го практикувате не ви ги дава резултатите што сакате да ги видите, време е да пробате малку поефикасни вежби за раце. Следните 10 што ќе ви ги предложам не се никакво ново откритие, само се мали варијации кои ќе ви донесат големи резултати. Не заборавајте дека мускулите брзо се навикнуваат на секое движење што го правите подолго време, затоа е важно да внесувате промени во тренинг програмата од време на време. Како да ги подобрите вашите вежби за раце? Со овие варијации на ве...
More

6 совети за заштитита од повреда на колена

заштита од повреда на колена
Повреда на колена е честа појава во сите спортови, а болката што доаѓа со неа сериозно ги нарушува тренинзите на нозе уште долго после повредата. Затоа е важно на време да се заштитите, а ако веќе постои болка да ја елиминирате пред да премине во посериозна повреда.    Нозете се еден од најважните делови од телото кои треба да ги тренирате, а многу често се запоставуваат заради тоа што тие тренинзи се посебно тешки. Но, силата која ќе ја развиете во нозете влијае на целокупната сила на вашето...
More

ПсихоФит: Откријте од каде потекнува вашиот зголемен апетит

психолошки причини за појава на зголемен апетит
Дали храната ја доживувате како средство за задоволување на основните телесни потреби за да се одржите во добро здравје? Или таа е ваша награда, утеха, дел од социјалните активности? Ако сакате да се изборите против проблемот со зголемен апетит ќе мора прво да ја лоцирате причината. Главни психолошки причини за појава на зголемен апетит Колку често ви се случува да се затекнете во состојба во која сте прејадени, а не сте го планирале  ниту сте го сакале тоа? Можеби сте дозволиле да прегладните...
More

Зошто е важно да имате цврст задник?

цврст задник
Освен тоа што е секси и го подобрува впечатокот за целата фигура и кај жените и кај мажите :) Со вежбите за цврст задник ја подобрувате состојбата на целото тело, си ги олеснувате секојдневните движења и го намалувате ризикот од повреда. Цврст задник = цврст грб Најголемата поддршка на грбот доаѓа од абдоменалните мускули и мускулите на задникот (gluteus maximus и gluteus medius). Сите мускули во телото функционираат поврзано, но овие три групи на мускули се посебно поврзани. Голем дел од движ...
More

Како да останете доследни на вашиот режим на исхрана?

Ако сте пробале да внимавате на исхраната во турбо работни денови во кои можете да одвоите само неколку минути за оброк, знаете колку е тешка оваа задача. А ако планирате да почнете со фит режим на исхрана од понеделник најдобро би било на време да се заштитите од фрустрацијата која доаѓа со неможноста да се придржувате кон тоа што сте го наумиле. Во што е тајната? Не е тајна, но колку често и да зборуваме за тоа брзо го забораваме: подготвувајте ги оброците однапред! Воопшто не е лесно да с...
More

6 начини да ја намалите мускулната болка после тренинг

намалување на мускулната болка после тренинг
Мускулната болка после тренинг е еден од најтешките предизвици со кој се соочуваат сите во фитнесот, од почетници до искусни вежбачи. На почеток од вежбањето, при промена на тренинг програма, при промена на интензитетот на тренингот, после кратка пауза од вежбање… Оние искусните се веќе навикнати на неа и ја доживуваат како позитивен знак дека имале добар тренинг, но почетниците може да ги доведе до искушение да се откажат. Иако навистина е знак дека сте ги поттикнале мускулите да се променат, м...
More

Фит совет: Зајакнете ги тетивите и лигаментите за подобар прогрес

зајакнете ги тетивите и лигаментите
Дали имате чувство дека сте способни за подобар прогрес кој сепак не го постигнувате? Најверојатно сте во право. Ако веќе некое време стагнирате со тежините со кои вежбате, а следствено на тоа и со вашата форма, значи дека е време да поработите на состојбата на тетивите и лигаментите. Зошто баш тетивите и лигаментите? Тетивите и лигаментите играат голема улога во силата што можете да ја користите за време на тренингот и на мускулната маса која притоа ќе ја изградите. Всушност, тие се клучни в...
More

Зголемете го дневниот внес на протеини во 4 едноставни чекори

внес на протеини
Во фитнесот редовно се зборува за важноста на протеините за телото и сите придобивки од нивно консумирање, но кога ќе дојде момент да се подготви оброк често нѝ недостасуваат конкретни идеи со кои ќе го достигнеме саканиот внес на протеини. Следните 4 чекори со кои ќе треба да направите мали измени во изборот на храна ќе ви бидат од голема помош. Измени во исхраната со кои ќе го зголемите дневниот внес на протеини Со зголемувањето на дневниот внес на протеини ќе си помогнете во изградбата на ...
More

4 начини да си го олесните големиот предизвик – тренинг нозе

тренинг нозе
Тренинг нозе - најстрашниот ден од неделата, најтешкиот дел од тренинг програмата и најголемото чувство на гордост откако ќе го преживеете. :) Иако е често најомразениот тренинг, истовремено е и најважниот. Силата која ја развивате во нозете има голема улога во процесот на развивање сила во горниот дел од телото. Затоа не размислувајте како да го прескокнете туку направете стратегија како да си го олесните. 1. Направете да ви биде приоритет Распоредете ја тренинг програмата така што вашиот тре...
More