Храна што ги зацврстува лигаментите и тетивите

цврсти тетиви и мускули
Секојдневно работиме на градба на мускулите преку исхрана и тренинг, и често ги забораваме лигаментите и тетивите во тој процес. Сè додека не дојде до повреда. А потоа ни станува јасно колкава е всушност нивната улога во нашата физичка форма и колку се мускулите бескорисни без нив. Зошто тетивите и лигаментите? Тетивите се дебели снопови од колаген што ги поврзуваат мускулите со коските и овозможуваат движење, а лигаментите се флексибилни снопови од колаген што ги поврзуваат коските со другите...
More

Како да го искористите излетот наречен cheat meal

cheat meal правила
Придржувањето кон планот за исхрана и броењето калории и нутриенти е најтешкиот дел од фитнесот за многу луѓе. И најинтензивниот тренинг, најдолгиот час на траката за трчање е полесно да се издржат од кризите за храна која ја нема на списокот со формули за постигнување на вашата цел. За среќа, постои саканиот cheal meal кој нѝ дава сила да издржиме во таа борба. :) Но, за да можете во потполност да уживате во него без дилеми, каење и нарушување на вашиот план на исхрана треба да знаете неколку п...
More

Дали ви треба фитнес план за да имате резултати?

дали ви треба фитнес план
Што значи да имате ваш личен фитнес план? Дали е тоа само хир на фитнес фанатиците и богатите? Зошто би ви бил потребен план кога со мали рестрикции во исхраната и поголема физичка активност ќе направите промени во изгледот и здравјето? Зошто би се оптеретувале со планови кога можете да прочитате неколку интернет статии и да се придржувате кон советите? Накратко - затоа што нема да бидете задоволни од резултатите. Дали си имате поставено некаква цел во фитнесот? Како и за сите други цели и з...
More

Фит исхрана: Како да го распоредите внесот на калории

распоред на внесот на калории
Внесот на калории е еден од главните фактори кои влијаат на вашата телесна форма. Кога станува збор за нивната количина, математиката е прилично едноставна - ако сакате да се ослободите од вишок килограми и телесни масти треба да внесувате помалку калории од тоа што го трошите во текот на денот. Но, најголемите дилеми се појавуваат во однос на временскиот распоред за дневниот внес на калории. Затоа ќе разгледаме накратко кои се заклучоците до кои науката дошла на оваа тема. Неколку истражувањ...
More

10 едноставни совети за правилна исхрана

совети за правилна исхрана
Сите добро знаеме дека правилниот избор на храна игра огромна улога во одржувањето на здравјето и во целокупниот фитнес план. За жал, ова често го забораваме или пак не сме во можност да го применуваме. Но, ако ги поедноставите работите ќе ви биде многу полесно да се придржувате кон планот за правилна исхрана. Следат 10 едноставни совети кои лесно ќе ги запамтите и кон кои е лесно да се придржувате, а можат да направат голема разлика. 1. Одржувајте баланс Вашата исхрана треба да има совршен б...
More

Фит дилема: Кој вид на протеин е најдобар за вас?

Различните видови на протеински суплементи имаат различна намена и се консумираат во различно време за максимална ефективност. За да можете да изберете протеин кој ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати, ќе ги разгледаме својствата на петте најкористени видови протеински суплементи. Whey концентрат Ова е една од најбазичните форми на протеин која можете да ја најдете на полиците со суплементи, и тоа по пониска цена од другите, што го прави whey концентратот одличен за проба доко...
More

Фит исхрана: Што значи да се храните „чисто“?

чиста исхрана
Најверојатно до сега сте го сретнале изразот „чиста“ исхрана, кој се поврзува со фитнесот, а добива сè поголема популарност. И покрај неговата употреба, често пати луѓето го поистоветуваат со диета, што е сосема погрешно. Затоа денес ќе ги расчистиме сите забуни за оние кои сакаат да се посветат на чистата исхрана. Што е „чиста“ исхрана? Овој концепт е во суштина многу едноставен – наместо да се оптеретувате со тоа колку јадете количински, треба да се фокусирате на тоа што јадете. Чистата исхр...
More

Што треба да јадете пред тренинг за да ги максимизирате вашите резултати?

најдобра храна пред тренинг
Знаеме дека исхраната игра огромна улога во фитнес резултатите, но обично се фокусираме на оброците по вежбањето. Време е да се потсетиме дека храната која ја внесуваме пред тренинг има еднаков удел во крајните резултати од нашите напори да ја добиеме телесната форма што ја посакуваме. За да го извлечете максимумот од вашиот тренинг морате да му обезбедите на телото извор од каде ќе црпи енергија, односно квалитетен оброк. Што значи квалитетен оброк? Оној што ќе ви ги даде сите потребни макро...
More

Топ 10 нутриенти кои треба да ги внесувате секој ден

топ 10 нутриенти
Препорачаниот дневен внес на нутриенти и нивниот избор зависи од многу фактори и е различен за сите. Но, постојат неколку основни правила кон кои треба да се придржувате за да имате балансирана исхрана и да го одржувате вашето здравје без кое не можете да имате добри фитнес резултати. 1. Витамин Ц Витаминот Ц е еден од најзначајните нутриенти бидејќи има голема улога во многу процеси кои се дел од нормалното функционирање на вашиот организам. Го подобрува имунитетот, делува како антиоксиданс, ...
More