Зошто треба да внесувате протеини непосредно пред спиење?

протеини пред спиење
Од сите фактори коишто влијаат на мускулниот раст, најголемата препрека до вашата цел може да биде соодветниот внес на протеини. Затоа е важно да внимавате на количината и квалитетот на протеините што ги внесувате во текот на денот. Во спротивно, голем дел од трудот што го вложувате на тренинзите нема да има голем ефект. Мускулното ткиво е метаболички најактивно и најадаптивно ткиво во нашето тело. Тоа е во константна фаза на промена – или се разделува (катаболичка фаза) или се гради (анаболи...
More

4 митови за протеинската исхрана и научните ставови за нив

Науката за фитнесот констатно напредува и со тоа ги поткрепува или побива тврдењата што можете да ги слушнете низ неформалните муабети. Протеинската исхрана е веќе докажана како корисна за физички активните луѓе, но никогаш не е на одмет да размислувате критички и да истражувате. Следат 4 митови за ефектите врз здравјето од исхраната базирана на протеини и одговорите од науката: 1. Протеинската исхрана ќе ве здебели Овој мит е многу далеку од вистината :) Внесувањето на најголемиот дел од кало...
More

4 тренинг навики што ве водат кон повреда

ризични тренинг навики
Покрај зголемување на силата и подобрување на изгледот, една од главните цели во фитнесот треба да ви биде и развивање на правилни тренинг навики. Така ќе си обезбедите прогрес во сите аспекти од тренингот и што е уште поважно – ќе се заштитите од повреда. Штом ќе влезете во теретана заборавете на егото. Знаете дека фитнесот е натпревар со себе, но и во тој натпревар се случува понекогаш да се занесеме и да го форсираме телото до степен што го загрозува нашето здравје. „Ризични“ тренинг нави...
More

6 митови за жените во фитнесот што го кочат вашиот прогрес

жените во фитнесот
Жените во фитнесот се соочуваат со многу митови и предрасуди од кои поголемиот дел се сосема неосновани. Но, сепак тие кружат наоколу и им стојат на патот кон достигнување на сопствениот максимум од напорите и времето што го вложуваат во тренинзите. За жал тешко е да се покријат сите овие теми во еден здив, но ќе почнеме од најчестите 6. 1. Жените во фитнесот треба да тренираат различно од мажите Оваа теорија сигурно сте ја слушнале многу пати до сега. Мажите треба да вежбаат со големи тежини ...
More

Дали ви е потребна детокс диета?

детокс диета
Детокс диетите станаа толку популарни што речиси и да не познавам човек што не пробал да практикува некоја од нив – еднодневна или подолготрајна. Но, дали навистина ви треба таква диета и како треба да изгледа таа? Ако се занимавате со фитнес рекреативно или посериозно, најверојатно е дека се придржувате кон некаков режим на исхрана. Па зошто тогаш би ви била потребна дополнителна детокс диета? Ако тоа значи јадење на само една група на храна со денови, изгладнување, или пак пиење на магични ...
More

Брз фит рецепт: Протеински колачи од тиква

протеински колачи од тиква
Еден од начините на којшто можете да се осигурате дека нема да излезете од рамките на вашиот режим на исхрана е секогаш да имате здрави ужини при рака. Овие протеински колачи од тиква се вкусни, лесни за подготовка и ќе ви помогнат да го зголемите дневниот внес на протеини, витамини и минерали.    Основата на овој рецепт е печена тиква и whey протеин, кокосовото масло и млекото се користат за спојување на смесата, а останатите состојки го збогатуваат вкусот. Зошто баш тиква? Затоа што има ...
More

15 видови на храна со висока содржина на протеини

храна со висока содржина на протеини
Без разлика каква исхрана практикувате, протеините се неизбежни макронутриенти ако сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате апетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем. За полесно да го постигнете посакуваниот дневен внес на овие макронутриенти, во продолжение следи листа од 15 видови на храна кои имаат висока содржина на протеини. 1. Леќа Содржина на протеини: 9гр во 100 грама Леќата е одличен извор на протеини, но и растителни влакна и минерали. Нејзина дополнителна п...
More

Зголемете го дневниот внес на протеини во 4 едноставни чекори

внес на протеини
Во фитнесот редовно се зборува за важноста на протеините за телото и сите придобивки од нивно консумирање, но кога ќе дојде момент да се подготви оброк често нѝ недостасуваат конкретни идеи со кои ќе го достигнеме саканиот внес на протеини. Следните 4 чекори со кои ќе треба да направите мали измени во изборот на храна ќе ви бидат од голема помош. Измени во исхраната со кои ќе го зголемите дневниот внес на протеини Со зголемувањето на дневниот внес на протеини ќе си помогнете во изградбата на ...
More

Колку протеини им се потребни на физички активните девојки?

протеини за активни девојки
Зошто во фитнесот сѐ се врти околу протеините? Освен тоа што го регулираат апетитот и помагаат во ослободувањето од вишокот масти, тие се основни градбени блокови за мускулниот систем. Всушност, речиси секоја клетка во нашето тело содржи протеини. Потребата од внес на овие макронутриенти е неоспорна, она што претставува дилема за повеќето луѓе е нивната количина. Затоа денес ќе ги разгледаме резултатите од истражувањата на оваа тема во однос на физички активните девојки и жени кои сакаат да п...
More

Како можете да ги подобрите ефектите од тренингот со казеин?

суплементи - казеин
Во време кога „славата“ му припаѓа на сѐ она што има брзи ефекти, протеинот кој споро се разградува често ја губи маркетиншката борба со другите протеини. Но, науката покажува нешто друго - употребата на казеин може да даде значително подобри резултати во процесот на ослободување од вишокот масти и зголемување на силата ако се користи правилно.    Што е казеин? Казеинот е млечен протеин. Околу 80% од протеините содржани во млечните производи се казеин, останатиот дел е whey протеин (млечна сур...
More