3 најдобри суплементи за брзо опоравување после тренинг

Интензивните тренинзи се одлични за забрзано градење мускулна маса и топење масти. Единствениот проблем е што по нив доаѓаат замор и мускулна болка од кои морате да се опоравите пред следниот тренинг. Потсетете се само на чувството кое го имате после вежбите за нозе и ќе знаете за што ви зборувам. Но, добрата вест е што со правилна употреба на соодветни суплементи можете да поттикнете брзо опоравување и да се вратите на следниот тренинг со полна сила.

Брзо опоравување – фактор кој влијае на вашиот прогрес

Одморот и опоравувањето се дел од тренинг програмата и никако не смеете да ги изоставите. Ако претерате во форсирањето на вашето тело да се справи со напорот од тренинзите, за кратко ќе „прегорите“ и ќе го стопирате прогресот. Затоа, во продолжение следи листа од топ 3 суплементи кои помагаат за брзо опоравување, намалување на болката, но и за побрзо топење на вишокот масти.

Аминокиселини со разгранет ланец (БЦАА)

Овие аминокиселини ќе ги најдете во секој „рецепт“ за брзо опоравување од проста причина што тие навистина се идеални за градење мускулна маса и намалување на ризикот од трошење на мускулите од напорните тренинзи. За да изградите поголеми и поцврсти мускули тие мораат да поминат низ процесот на микро-кинење на мускулните влакна и нивно повторно создавање. Овој процес влијае на нивото на протеини кои се градбени блокови на мускулите и прави наједноставните секојдневни движења да ви претставуваат вистински предизвик. БЦАА, односно леуцин, изолеуцин и валин, дејствуваат како моќни агенси против мускулната болка, истовремено забрзувајќи го процесот на опоравување после тренинг. Една доза од 5-10 грама БЦАА пред, за време на тренинг или после тоа, ќе ви помогне да ја вратите телесната сила пред следниот тренинг.

Интересно:  Зошто на вашето тело му е потребен глутамин?

брзо опоравување - бцаа

Рибино масло

Ова е еден од најкорисните суплементи кои можете да ги земете. Рибиното масло помага во одржување на целокупното здравје, подобрување на функцијата на срцето, помага во битката со вишокот килограми, како и во процесот на опоравување по напорните тренинзи. Ова масло содржи две есенцијални масни киселини (EPA и DHA) кои имаат силно анти-инфламаторно дејство со што драстично ја намалуваат мускулната болка. Тие исто така ги зацврстуваат клеточните мембрани и го намалуваат оксидативниот стрес кој се појавува по интензивни тренинзи. Заради ова, рибиното масло е докажано ефикасно средство за намалување на мускулната болка и појавата на отоци, за зголемување на опсегот на движења и одржување на кардиоваскуларното здравје.

брзо опоравување - рибино масло

Л-карнитин

Иако е познат како моќен агенс за топење на вишокот масти, Л-карнитинот по деталните истражувања за неговите ефекти влезе во групата суплементи за брзо опоравување. Тој помага во оптимизирањето на процесот на обновување на мускулното ткиво преку намалување на акумулацијата на амонијак и зголемување на крвотокот за време на тренингот и после него. Л-карнитинот докажано ги намалува стресот и болката по вежбањето, како и ризикот од оштетување на мускулното ткиво.

брзо опоравување - л-карнитин

Комбинирајте ги овие 3 суплементи за брзо опоравување помеѓу тренинзите и ќе забележите промена во вашата сила и прогрес. Ако имате дилеми околу нивното дозирање и начин на консумирање, можете да поставите прашање тука.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *