Суплементи во “spotlight” – Што се гејнери и дали ви се потребни?

Ако вашата цел е да ја зголемите силата и мускулната маса, сигурно во некој момент сте помислиле да користите гејнери. Иако овие суплементи се наменети токму за оваа цел, добро е да научите малку повеќе за нив пред да почнете да ги користите.

Како се зголемува мускулната маса?

Теоретски, многу едноставно – за зголемување на телесна и мускулна маса потребно е да внесувате повеќе калории од оние кои ги трошите во текот на денот, да консумирате доволно протеини и да вежбате. Но, некогаш ова не е така лесно во пракса како што звучи – немате апетит колку што ви треба за да ги внесете калориите што ви требаат или сте многу активни, имате брз метаболизам и трошите повеќе од она што го внесувате преку оброците, или едноставно, сакате побргу да стигнете до вашата цел. Во овие ситуации гејнерите се идеално решение.

гејнери за мускулна маса

Што се гејнери?

Гејнерите се суплементи кои содржат јаглехидрати, протеини и добри масти, што ги прави одличен додаток во исхраната или замена за оброкот кој ви недостасува за да го постигнете саканиот калориски внес. Се продаваат во форма на прашок кој се подготвува едноставно со мешање со вода или млеко во шејкер. Дозирањето зависи од нутритивната вредност на конкретниот производ и од вашите потреби. Времето во кое се консумираат исто така е различно и зависи од производот кој ќе го изберете. Генерално, гејнерите кои содржат низок процент на масти а се богати со јаглехидрати можете да ги консумирате пред и после тренинг, бидејќи јаглехидратите го поттикнуваат инсулинскиот циклус во организмот и аминокиселините побргу стигнуваат до мускулите што помага во градењето на мускулна маса и опоравувањето.

што се гејнери

Зошто треба да користите гејнери во процесот на зголемување мускулна маса?

Гејнерите се најдобар избор кога сакате да ја зголемите мускулната маса од неколку причини:

1. Ви помагаат да го контролирате внесот на калории

Броењето на калории и изборот на храна за да ја постигнете посакуваната бројка знае да биде напорно кога го правите секој ден. Гејнерите имаат точно пресметани параметри во однос на калории и нутриенти што ви помага полесно да го пресметате остатокот и да го надокнадите она што ви недостасува во секое време.

2. Ви помагаат да го контролирате зголемувањето на телесни масти

Најголемиот ризик во процесот на зголемување мускулна маса е прекумерното таложење телесни масти кои ќе ви треба време да ги елиминирате. Гејнерите во нивниот состав имаат здрави масти кои му се неопходни на вашето тело, а не ја нарушуваат вашата фигура.   

3. Ви го олеснуваат изборот на оброк после тренинг

Гејнерите се одлична храна после тренинг бидејќи содржат сѐ што им е потребно на вашите мускули за да се опорават и да се регенерираат. Веќе нема да губите време во изборот и подготовката на оброк по вежбањето бидејќи со еден шејк ќе ја завршите целата работа.

зошто ви требаат гејнери

4. Ви даваат решенија за конкретните цели

Концептот на внесување повеќе калории од оние кои ги трошите не значи дека треба да го нападнете телото со калории, бидејќи ако претерате дури и со оние „чистите“ кои ги добивате преку суплементите, тие ќе се манифестираат како вишок, т.е. како телесни масти. Затоа секој гејнер има различен состав од останатите, така што можете да изберете што најмногу ви одговара во зависност од вашиот режим на исхрана и физички активности.

5. Ви овозможуваат комбинирање со други суплементи

Гејнерите функционираат одлично со останатите суплементи, особено со оние чија цел е градење мускулна маса, како што се креатинот и глутаминот. Нивната формула е креирана за надополнување и меѓусебно зголемување на ефектите со сличните суплементи.

Ако ви е потребен стручен совет при изборот на гејнер кој соодветствува со вашите цели и фитнес програма, можете да ме контактирате тука.


Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *