Зошто треба да внесувате протеини непосредно пред спиење?

Од сите фактори коишто влијаат на мускулниот раст, најголемата препрека до вашата цел може да биде соодветниот внес на протеини. Затоа е важно да внимавате на количината и квалитетот на протеините што ги внесувате во текот на денот. Во спротивно, голем дел од трудот што го вложувате на тренинзите нема да има голем ефект.

Мускулното ткиво е метаболички најактивно и најадаптивно ткиво во нашето тело. Тоа е во константна фаза на промена – или се разделува (катаболичка фаза) или се гради (анаболична фаза), во зависност од стимулациите и „суровините“ што ги добива.

Ако вашата цел е мускулен раст, тогаш мора константно да ги држите мускулите во анаболична фаза, односно во фаза на протеинска синтеза. А протеинската синтеза во мускулите се случува како резултат на тренинг за хипертрофија и внес на протеини. Затоа е важно да се посвети еднакво внимание на овие два фактори.

протеини пред сиење - 1

Зошто ви требаат протеини во текот на ноќта?

Проблемот е во тоа што често пати мислиме дека внесуваме доволно протеини, заради исхраната богата со месо, риба, јајца и суплементи како што е whey протеинот. Но, истражувањата покажуваат дека дури и на професионалните спортисти им се случува да не го исполнат препорачаниот дневен внес од овие нутриенти. А ваквиот проблем се решава едноставно, со внесување на протеини навечер пред спиење.

За да не ризикувате несакано зголемување на телесната тежина наместо на мускулна маса, добро е да избегнувате протеини во облик на омлет од 10 јајца или пак месо коешто покрај протеините содржи и висок процент на масти.

Најдобриот избор за пред спиење е казеинот. Тој се разложува споро за разлика од whey протеинот и така овозможува подолготрајна циркулација на аминокиселини во крвта и стимулира протеинска синтеза во мускулите. Казеинот има уште една голема предност – го поттикнува телото да троши повеќе масти како извор на енергија.

Внесот на доволна количина на протеини толку многу е врзан со мускулната маса што веќе и се заборава дека нашето тело ги користи протеините и за многу поважни функции што се поврзани со нашето здравје, како што е формирањето на крвни клетки и илјадници различни ензими. Всушност, прилично мала количина од протеините што ги внесуваме во денот се користи за мускулен раст.

протеини пред спиење - мускулна маса

Едно истражување покажува дека од 30 грама чист протеин што бил даден на група здрави мажи, 57% стигнале до крвта, а само 10% од нив до мускулите. Остатокот телото го земало преку дигестивниот систем за други функции. Затоа и во фитнесот констатно се комуницира пораката „внесувајте многу протеини“.

Во текот на часовите што ги поминуваме во спиење, мускулното ткиво преминува во фаза на катаболизам. Ако не внесеме доволна количина на протеини црниот дроб и мускулите се приморани да ги испраќаат аминокиселините и гликозата до крвта за да ги регулираат другите биолошки фукции коишто се случуваат додека спиеме.

Како да го оптимизирате дневниот внес на протеини?

Во текот на денот се потребни протеини со висока биолошка и апсорбирачка моќ – јајца, пилешко и различни облици на whey протеин. Но, во текот на тие 6-8 часа од ноќта на мускулите им е потребно константно хранење, па затоа казеинот го наоѓа своето место високо на листата на неопходни суплементи. Покрај суплементите, казеинот можете да го внесете и преку млечни производи како што е нискомаслената урда.

Но, иако казеинот го држи првото место за најдобар протеин за консумирање во текот на ноќта, не е лошо да вклучите и пола доза whey изолат за дополнителна стимулација на протеинската синтеза.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *