8 техники со кои можете да ја подобрите вашата форма

Без разлика на тоа колку сте биле активни во изминатиот период, верувам дека со доаѓањето на пролетта и потоплите денови доаѓа и желбата за подобрување на вашата форма. Во продолжение следат 8 едноставни, но многу ефикасни совети кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

1. Зголемувајте ги тежините постепено

Сите ние сакаме да вежбаме со најголемите тежини што можеме да ги издржиме – и заради подобра форма и заради лична сатисфакција. Но, форсирањето на големи тежини не ги дава резултатите што ги сакате. Ве става во ризик од повреда и ги троши вашите мускули. Затоа фокусирајте се на техниката на изведување на вежбите, внимавајте на брзината со која ги изведувате повторувањата, а потоа постепено зголемувајте ги тежините.

2. Посветете еднакво внимание на секое повторување

Една од честите грешки што ги прават вежбачите е обидот по секоја цена да ја довршат серијата со бројот на повторувања што ги замислиле на почетокот на вежбата. Во тие ситуации техниката трпи, а со тоа и мускулите и зглобовите. Нема поента да ја завршите серијата со неконтролирани движења на рацете и нозете. За да ја подобрите вашата форма потребно е секое повторување да биде изведено целосно и правилно, дури и ако треба да ја прекинете серијата на пола.

подобра форма - повторувања

3. Вежбајте полека

Избегнувајте брзи движења при кревањето тежини. Не се плашете дека луѓето околу вас во теретана ќе помислат дека се мачите со тежината ако вежбате споро. Колку поспоро ги изведувате движењата, толку повеќе мускулни влакна ќе активирате и ќе ги зголемите шансите за правилно вежбање.

4. Изведувајте ги движењата целосно

Секогаш изведувајте ги вежбите со целосен опсег на движење. Во спротивно вашите мускули нема целосно да се истегнат и да се контрахираат, а тоа ви е потребно за подобрување на формата. Затоа на целосното изведување на движењата треба да му дадете предност пред тежините и бројот на повторувања.

5. Држете ги теговите правилно

Внимавајте како ги држите теговите. Фатот со дланките нагоре активира различни мускули од тој со дланките надолу при истото движење. Аголот под кој го држите тегот исто така го одредува таргетирањето на различни мускули. Држете ги цврсто теговите за да имате ефект на мускулот што сакате да го вежбате, ако треба користете помошни средства како ракавици или креда.

подобра форма - фат

6. Внимавајте на дишењето

Можеби мислите дека после одредено време тоа ви доаѓа природно и не треба да му давате значење, но ако се сконцентрирате на дишењето ќе забележите дека можете и подобро да го контролирате. А дишењето има големо влијание на вашата способност да работите со тежините, а следствено на тоа и на вашата форма. Вдишувајте со полни гради кога ја кревате тежината и издишувајте кога ја спуштате.

7. Регулирајте ја исхраната

Сè што ќе внесете или нема да внесете во текот на денот влијае на квалитетот на тренингот и на вашата форма. Составете режим на исхрана кој одговара на вашите цели и придржувајте се до него. Исто така изберете спортски суплементи според вашата цел, но која и да е таа, не заборавајте дека на прво место ви се потребни протеини.

8. Заштитете се од повреди

Колкава и да е вашата желба за подобра форма и побрзи резултати, никогаш не ја ставајте пред здравјето. Во фитнесот сите се фокусираме на грижата за мускулите, но најчестите повреди се случуваат на зглобовите и тетивите. Затоа е важно да го вклучите и овој аспект од здравјетово вашата тренинг програма. Секогаш загревајте се пред тренинг и истегнувајте се откако ќе завршите со вежбање. Дополнително, вклучете додатоци кои ќе ви помогнат да напредувате без оваа грижа. Јас го користам и топло ви го препорачувам Flexofytol – природен суплемент создаден со био-оптимизирање на куркумин, екстракт од куркума кој има силни антиоксидативни и антивоспалителни својства. Делува превентивно на болката во самиот извор и помага за целокупно подобрување и одржување на мобилноста на зглобовите и тетивите, како и за успорување на процесот на стареење на ‘рскавицата. Доволни се 2 капсули дневно за постигнување на оптимални резултати.

flexofytol

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *