Како да се подготвите за кросфит натпревар – 7 клучни совети

Сите одлуки кои ги донесувате во врска со исхраната и другите аспекти од вашиот животен стил влијаат на физичките и менталните перформанси. Затоа на ден пред интензивен физички напор како што е кросфит натпревар не смеете да си дозволите грешки.

Генерално треба да се држите до навиките кои веќе сте ги воспоставиле, но ќе треба да направите и неколку модификации доколку сакате да ги исполните сопствените очекувања за големиот ден.  

1. Подобрете ги мобилноста и флексибилноста

Не помислувајте на интензивен тренинг на ден пред кросфит натпревар. Само ќе се истрошите, а нема да го подобрите перформансот, напротив, можете да имате само полоши резултати утредента. Но, ќе ви треба лесен тренинг во кој ќе работите на вашата мобилност и флексибилност. Истегнувања и вежби кои обично ги правите за загревање ќе ви помогнат да го подобрите опсегот на движења и генералниот перформанс.

Ова важи и за денот на натпреварот. Не започнувајте вежба без да се загреете. Следете го распоредот за да имате време да се загреете и потоа да се одморите 2-3 минути пред почетокот на вежбата. По завршувањето на вежбата не седнувајте, колку и да сте изморени. Дајте си 2 минути за лесно трчање или истегнување за да му помогнете на телото побрзо да се опорави пред следната вежба.

подобра мобилност пред кросфит натпревар

2. Не претерувајте со јаглехидратите

Нема потреба да внесувате голема количина на јаглехидрати пред натпреварот. Со оглед на тоа што вашиот тренинг ќе се состои од лесни вежби за мобилност и флексибилност ќе имате доволно енергија. Претпоставувам дека во процесот на подготовки сте внимавале на исхраната после тренинг, така што нема да ви треба посебен план за опоравување.  

Со зголемен внес на јаглехидрати само ќе го оптеретите организмот со гликоген а тоа ќе предизвика задржување на водата што ќе направи да чувствувате подуеност. Внесувајте протеини на денот пред натпревар, а вечерта пред спиење можете да земете казеин кој ќе ги храни вашите мускули додека спиете, така што утредента ќе бидат подготвени за предизвикот.

3. Внимавајте на појадокот

Тремата која ќе се појави утрото пред натпревар може да го потисне вашиот апетит, а лесен појадок или целосно прескокнување на овој оброк ќе го „платите“ со слаб перформанс. Затоа подгответе богат појадок од вечерта, или барем направете план што ќе јадете 2-3 часа пред да тргнете на натпревар.  

Појадокот треба да содржи протеини и јаглехидрати, и минумум масти. Соодносот помеѓу протеините и јаглехидратите би требало да биде некаде околу 75% јаглехидрати и 25% протеини. Најважно е да не се прејадувате.  

појадок пред кросфит натпревар

4. Исхрана за време на натпреварот

За време на натпреварот ќе ви бидат потребни само јаглехидрати и протеини во облик на лесна храна и суплементи. Ќе имате малку време за опоравување помеѓу вежбите, така што ќе ви треба брз доток на нутриенти до мускулите. Минимизирајте ги мастите затоа што го успоруваат процесот на апсорбирање.   

Добар избор за храна за време на натпреварот се протеински шејк, банана, варени јајца, суво овошје, протеинско чоколадо или палачинки. Од суплементи освен whey протеин ќе ви треба и BCAA за брзо опоравување на мускулниот систем. Не заборавајте да пиете доволно вода.

5. Одржувајте добра хидратација

И најмалата дехидрација пред или за време на кросфит натпревар ќе ги намали вашите физички и когнитивни способности. За среќа овие натпревари не вклучуваат мерења на тежината, така што не можете да претерате со водата.

Процесот на хидратација треба да го започнете на денот пред натпревар, со посебен фокус на вечерта и на денот на натпреварот. Вечерта пред натпревар можете да додадете и BCAA во шишето со вода, како и за време на натпреварот.

хидратација пред кросфит натпревар

6. Обезбедете си квалитетен сон

Внимавајте на изборите кои ги правите вечерта пред натпревар. Не помислувајте на алкохол и нездрави грицки пред спиење кои ќе ве дехидрираат по што ќе се будите жедни во текот на ноќта. Потребен ви е квалитетен сон ако сакате да обезбедите максимален перформанс.

Спијте минимум 8 часа. Исклучете го телевизорот, лаптопот, таблетот бидејќи тие ќе го намалат квалитетот на вашиот сон. Исклучете ги сите светла. Ако живеете покрај прометна улица ставете тампони за уши за да си обезбедите тишина во текот на ноќта.

7. Уживајте во натпреварот

Без разлика дали ова е вашиот прв кросфит натпревар или сте веќе искусни во ова, не заборавајте да се забавувате. Веќе сте поминале доволно време во подготовки и стратегии за максимизирање на вашите перформанси, сега е време да го покажете тоа.

Заборавете на егото, дружете се со останатите натпреварувачи, разменете убава енергија и искуства. Сетете се дека ова го правите со многу љубов, не дозволувајте фокусот на резултатите да го смени тоа.  

кросфит натпревар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *