Online менторство

Секој од нас сака оној труд што го вложува на крајот да биде исплатлив. За тоа е потребно да сте на правиот пат; во спротивно, вие може да вложувате голема енергија во тренирање интензивно, да пробувате некако здраво да се храните, но ако сте на грешен пат, само ќе продолжите прогресивно да напредувате во грешна насока.

Сакате да се спремите за фотосесија ? Сакате да качите побрзо мускулна маса ?Дозволете јас да го усмерам вашиот правец. Се што вие треба да направите е да ми ја кажете вашата цел, каква и да е! Моја задача е да ви кажам како да стигнете до неа, трудот повторно останува на вас.

Она што јас ви го нудам е мое online менторство, целосен надзор на вашиот тренинг, вашиот начин на исхрана и вашиот комплетен прогрес се со една цел – подобрување на вашата телесна композиција и достигнување на вашиот идеално замислен изглед!

[spacer height=”10px”]

12167169_10153505757200617_406452596_n

Ќе добиете режим на исхрана кој вклучува и најситни детали околу калориите и макронутриентите (протеини, јагленохидрати и масти) кои ќе бидат детално и специфично означени и изработени за секој оброк и секој ден, со цел да ги добиете најбрзите и најдобрите резултати можно. Тоа вклучува 7 различни менија, секое за секој различен ден во неделата со цел да нема монотонија во вашите оброци! ВИЕ одредувате што ќе јадете, односно Вие ми ја кажувате храната која ја јадете и храната која не ја јадете и за останатото ќе се погрижам јас; што, колку и кога треба да конзумирате.

Исто така добивате и структуриран начин на тренинг кој ќе биде дизајниран според вашата моментално ниво на спремност и вашата цел; најдобрите и најефективните вежби, број на повторувања, серии и начин на изведување со цел да ги добиете најдобрите резултати и да го извадите максимумот од секој тренинг! На секои 4 недели, зависно од вашиот прогрес ќе правиме промени во тренинг програмата со цел константно да прогресирате.

Со овој пакет следува и персонален тренинг, еднаш во две недели во фитнес центар и тренинг мускулна група по ваш избор, со цел да се осигураме дека вашиот прогрес е на вистински пат! Добивате и бесплатна предлог листа на најдобрите и најоптималните суплементи кои ќе ви помогнат да ја достигнете вашата цел побрзо, препорачани од мене; детално објаснување што е нивната функција, што да користите и кога!

Со цел Вие да бидете задоволни и да се осигурате дали сте на сигурен пат за било што во врска со вашата програма, може да ме контактирате во секое време на мојот приватен e-mail/skype/мобилен телефон и ќе добиете инстантен одговор.

*** Овој пакет се наплаќа на месечно ниво. Контактирајте ме за повеќе детали на мојата фејсбук фан страна или на infomariofit@gmail.com