Motivation

It’s not what happens to you; it’s what you do about it.

Велат дека без минато, нема иднина. Од време на време да се присетиш каде си бил, што ти се случило е одличен показател за дали во сегашноста си на прав пат и што се има сменето низ годините, дали позитивино или негативно.Минатото на повеќе пати си има поиграно со мене; еден датум од тие минати кои ќе ми остане вечно во сеќавањето е и 7ми јануари, 2013та година.

12167168_10153504189500617_453887171_n

За оние кои не ме познавале тогаш, или не биле дел од листата на facebook пријатели, на тој датум правев операција поради слепо црево. И тоа не регуларно вадење на слепото црево, туку поради пукнато слепо црево, проследено со многу многу болки и агонија, многу компликации кои лесно можеа да доведат, односно за малку не доведоа до животна опасност и слично. За оние што го доживеале тоа или се разбираат малку повеќе во медицина, ќе разберат комплетно на што мислам. Не сакам да се фокусирам и присеќам на сите тие негативни моменти доживеани за време на престојот во болницата, место каде што никој не оди таму од желба, туку од што е приморан; напротив на позитивното и она што се може да се извлече и научи од годините поминати.

Десет дена поминати во болница, со десет килограми помалку од што влегов пред тие десет дена. Интересен факт е што само ден претходно, вежбав грб со другар на бадник и имавме одличен тренинг, за следниот ден односно денови, без непрепознатлива верзија од себе во која се најдов за прв пат, која не може да направи неколку потези без помош од друго лице. Станувањето од кревет беше mission impossible. А некој ден претходно…небаре мрдав стебло од земја.

Помина што помина, следуваше соочување со реалноста. 5-6 месеци забрана за физичка активност, особено кревање на отпор/терет, што би значело невежбање. За некој што има огромна љубов и пасија кон нешто, во случајов бодибилдинг начинот на живот, тоа е нешто што е најлошо да се слушне. Тоа е исто како на еден сликар, кој со своите бои и четки прави уметнички дела на канвасот, да му ги пресечете дланките и да го оставите да мечтае што би можел да направи со својот талент. Ги има сите алатки, има се што му е потребно, освен најважното…

Во првите неколку недели, додека сеуште траеше шокот на тоа што всушност се случило, имав некои чудни напади на паника дека мојата вежбачка кариера е завршена, а уште пострашно и сите мои идни планови за фитнесот како генератор и двигател кон моја идна професија е исто така доведено до работ, до крајот. Не знаев што со себе..буквално. Секако, има многу други убави работи во животот освен кревање тегови и јадење стекови, но за некој што вложувал многу во себе и својата визија ќе разбере на што мислам. Едноставно е комплетно рушење на својот замислен свет…

Тоа беше првата етапа – соочувањето со реалноста. Следната беше соочувањето со себе. Длабок монолог кој мораше да се случи за да можам психолошки да издржам низ периодот што следува. Да издржам низ сите “еј више не вежбаш а” , “зашто си се исушил вака” и слични нормални реакции од околината. Имаше периоди кога се срамев да се погледнам во огледало и да облечам кошула која што претходно ми била точна, а сега пливав во неа. Последиците од операцијата си го направија своето…Атрофирање на мускулите, лесно акомулирање на поткожни масти поради физичка неактивност, или со други зборови целосно менување на телесната композиција и изглед за неколку месеци.
За краток период, ранливиот mindset кој се сомневаше дали некогаш ќе вежбам пак, дали ќе можам некогаш да изгледам како што сакам, дали можам да бидам дел од фитнес индустријата беше заменет со нов. Веќе не беше сомнеж – беше афирмативен став, дека независно колку време и да треба, независно низ колку мака ќе поминам, ќе дојдам до тоа што сакам.

Така, целта беше поставена. Реален бев пред себе дека до 2014 периодот мај-јули беше нереално да достигнам форма која е вредна за да ја овековечам со фотосесија. Затоа летото 2015 беше мојата нова светла точка. Она што ме водеше низ целиот процес на физички и ментален опоравок, низ цела 2013та, цела 2014, а и низ 3те пеколни месеци за време на спремањето до сликањето на 23ти август. 23ти август за мене беше како што најголемите верници го чекаат Велигден. Така го доживував, така го чувствував. Како ден на моето психолошко “воскреснување” и победа над самиот себе и своите лични сомнежи, стравови, битки кои никој ниту ги слуша ниту ги гледа. Победа на најтешката битка, и тоа на гостински терен – победата на самиот себе. Токму поради таа причина интензитетот на тоа како го доживеав сево ова е таков каков што е – поради минатото. Иако имам 7 сантиметри лузна која ќе биде со мене додека сум жив, која се гледа на сликата од десно на (мојата) десна страна на стомакот, горд сум што ќе ја носам како симбол од една животна битка и етапа, битка од која бев повреден и бев на земја, но одлучив да станам независно од околностите.

Многумина дозволуваат минатото да им ја диктира сегашноста. Многумина веруваат дека поради она што им се има случено, не можат да си дозволат подобра сегашност и иднина. Тоа е апсолутно точно, САМО и САМО ако самите дозволиме да е така. Во спротивно, минатото е само фикција. Нереален настан кој постои само во нашите мисли и нигде на друго место. Нека минатото биде ваша мотивација и двигател за креирање на една нова, посилна иднина.


Мотивационо видео