5 причини да консумирате куркумин ако спортувате

Во последно време куркумата сѐ повеќе се користи како додаток во исхраната во различни облици. Причината за ова се константните научни докази за нејзините ефекти врз здравјето од многу различни аспекти, благодарение на активната состојка куркумин што ја содржи. Интересно е што куркуминот е особено корисен за физички активните луѓе заради 5 причини.

Жолтиот прашок кој го знаеме како куркума доаѓа од корен сличен на ѓумбирот. Неговата најголема моќ доаѓа од куркуминот кој е познат како најсилниот антиоксиданс помеѓу растенијата и листата на здравствените бенефити што ги открива науката сѐ повеќе расте.  

Зошто на спортистите им треба куркумин?

Благодарение на куркуминот, спортистите можат драстично да го подобрат своето здравје и перформансите.

1. Помага во процесот на согорување масти

Истражувањата покажуваат директна поврзаност помеѓу консумирањето на куркумин и регулирањето на нивоата на инсулин во телото, што помага во процесот на согорување на мастите. Тој ја успорува делбата на масните клетки со што помага да се отежни процесот на качување на вишок килограми кои не ги сакате на себе.  

куркумин за топење масти

2. Го поттикнува телото на детоксикација

Најдобар начин да се ослободите од токсините е да ги поттикнете природните процеси на „чистење“ на телото од хемикалиите на коишто сме секојдневно изложени преку воздухот, водата, храната… Внесот на куркумин директно им помага на ензимите кои се задолжени за исфрлање на токсините од храната, со што го штити црниот дроб од оштетувања, ја прочистува крвта и ги намалува воспаленијата.

3. Го забрзува опоравувањето

Еден од силните ефекти на куркуминот е зацврстување на мускулите, што е особено важно во процесот на опоравување кој се случува по секоја поинтензивна физичка активност. Научните истражувања покажуваат дека куркуминот може да го забрза процесот на опоравување на мускулите до 5 пати.

куркумин за опоравување

4. Им помага на жените спортисти

Болните менструации знаат да бидат голема пречка за жените кои спортуваат бидејќи драстично ги намалуваат перформансите, а понекогаш и целосно ги оневозможуваат за физичка активност. Науката потврдува дека со консумирање на куркумин се намалува интензитетот на болките и грчевите кои се појавуваат во овој период. Всушност, тој е издвоен како одличен природен лек за овие проблеми.

5. Ги штити зглобовите, тетивите и мускулите

Куркуминот спречува појава на болка во зглобовите и тетивите, помага при одржување на нивната мобилност и го успорува процесот на стареење на ‘рскавицата и затоа се смета за нивни најдобар заштитник. Благодарение на неговите силни антивоспалителни и антиоксидативни својства помага во опоравувањето по тренинзите, а што е уште поважно ве штити од најголемата закана за секој спортист – повредите.

куркумин за зглобови

Единствениот проблем со куркуминот е што во куркумата е застапен со минимални 2 до 4 проценти и за да се почувствуваат неговите позитивни ефекти потребно е да се внесува огромна количина на куркума. Но, за среќа тој може да се земе во облик на додаток во исхраната како што е Flexofytol. Една капсула содржи 42мг куркумин, колку што има во отприлика 1 килограм куркума. На овој начин, со 2 капсули дневно ќе внесете доволна количина од оваа активна состојка за да му ги обезбедите на телото сите бенефити кои таа ги носи. Flexofytol е создаден со био-оптимизирање на куркуминот и е сосема безбеден за користење за сите спортисти.

куркумин - flexofytol

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *