Како долгорочно да го решите проблемот со вишокот килограми

Колку диети сте пробале да практикувате до сега? Колку видеа со “брзи“ тренинг програми за слабеење имате зачувано во компјутер? Некои од нив можеби имале ефект во моментот, а некои ни тогаш. Зошто? Затоа што вишокот килограми не се моментален проблем кој исчезнува штом ќе го решите еднаш.

Еднонеделно гладување во комбинација со 30 минути вежбање во денот нема да ви донесе долгорочни ефекти. Напротив, може да го наруши вашиот метаболизам и да предизвика таложење на уште повеќе масти штом ќе престанете со тој режим на функционирање. Ако сакате долгорочни ефекти ќе треба да направите и долгорочни промени во вашите навики.

Направете евалуација на вашите моментални навики

Првиот чекор во справувањето со вишокот килограми е постепена промена на навиките. Затоа, потребно е да ги лоцирате навиките кои ви стојат на патот кон здраво и фит тело за да можете да почнете да ги менувате. Не се плашете, нема да треба од утре да го смените од корен вашиот стил на живот. Целата поента е да го доведете вашиот организам во совршен баланс без да му приредите стрес со нагли промени.

Почнете со намалување на внесот на калории и зголемување на физичките активности, бидејќи намалувањето на вишокот килограми се случува кога внесувате помалку калории од оние кои што ги трошите. Со дефицит од 300-400 калории во денот и редовно вежбање можете да намалувате до 1 килограм неделно. Само за ориентација, дефицитот од 400 калории можете да го постигнете со едноставно заменување на слатките пијалоци со вода и калоричната вечера со парче чисто месо или зеленчук.

Правете по една – две промени неделно, каде „лошата“ храна ќе ја заменувате со помалку калорична алтернатива и за кратко ќе забележите промени. Најдете здрави оброци во кои што ќе уживате, бидејќи ќе треба да се придржувате кон новата програма за исхрана на долг рок.

со здрава храна против вишокот килограми

Базирајте ја исхраната на протеини

Следен начин на кој што можете да се справите со вишокот килограми е зголемувањето на внесот на протеини, од две причини: протеините ве држат сити подолго време и го поттикнуваат согорувањето на калории заради тоа што телото потешко ги преработува отколку јаглехидратите и мастите. Наместо да јадете слатки помеѓу оброците, напијте се протеински шејк кој што ќе ги регулира нивоата на шеќер во крвта и ќе ви помогне да ги топите вишокот масти наместо да ги наталожувате.

Кога сме кај шеќерите, во борбата против вишокот килограми ќе морате да внимавате и на внесот на алкохол. Алкохолните пијалоци содржат многу калории, шеќери и масти кои што не носат никаков нутритивен бенефит за вашиот организам. Вториот проблем со алкохолот е што предизвикува чувство на глад, така што со намалувањето на количината на алкохол ќе ги избегнете и нездравите оброци во раните утрински часови по бурната вечер.

протеини против вишокот килограми

Одложете го појадокот

Одложете го првиот оброк наутро, но не го прескокнувајте. Со исклучувањето на еден оброк ќе го намалите внесот на калории, но проблемот е во тоа што ако го изгладнувате вашето тело наутро, големи се шансите дека ќе надокнадите дупло во остатокот од денот.

Со поместувањето на времето за појадок за 1-2 часа ќе му дадете можност на телото да искористи дел од веќе наталожените масти за енергија, без да добие сигнал на прегладнетост и да почне да ги складира сите калории кои што ќе ги внесете подоцна. Идеален појадок кој ќе го поттикне топењето на масти би биле 2-3 јајца, или овес со whey протеин.

појадок против вишокот килограми

Вежбајте паметно

Што значи тоа? Изберете нешто што ќе сакате да го правите подолго време. Вежбите со тежини во комбинација со кардио вежби се најдобрата комбинација. Но, доколку не уживате во вежбањето во теретана, заменете ги орбитрекот и траката за трчање со други кардио активности – пливање, тенис, кошарка, фудбал… што и да ви претставува задоволство. Откако ќе забележите како вежбите со тежини ги подобруваат вашите перформанси во спортот кој што го сакате, вашата мотивација ќе расте. Важно е само да останете доследни на вашиот план и да ги зголемите физичките активности.

вежбајте паметно против вишокот килограми

Посветете се на вашата цел

Ако сакате долгорочни ефекти од вашите напори за намалување на вишокот килограми ќе треба да бидете посветени на новиот начин на живот. Но, тоа не значи дека треба да се форсирате на самиот почеток. Ако тргнете со нагли промени, ризикувате да го исцрпите вашето тело и бргу да се откажете. Постепено менувајте ги вашите навики и така вашата физичка и здравствена состојба континуирано ќе се подобрува, а вие ќе останете мотивирани за континуирани промени.        

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *