ИНТЕРВЈУ: Кристина Кочова – Совршен, женски фит изглед ?

MarioFit:Како и кога започна да се занимаваш со фитнес ?

-Со фитнесот почнав да се занимавам на 19 години, во 2008 година. По природа сум слаба и сакав да ја зголемам мускулната маса. Несакав да постигнам премногу мускулест изглед и затоа повеќе внимение посветував и сеуште посветувам на женските атрибути .

MarioFit: Како изгледа твојот начин на исхрана?

-Пред се внимавам да не внесувам многу вештачки преработена храна и се трудам исхраната да ми се состои од што е можно повеќе ензими. Во поглед на нутритивните вредности  протеините се основни и постојани додека јаглехидратите и маститите варираат во зависност од формата која сакам да ја постигнам. Секако тука спаѓаат и суплиментите и тоа основните како  што се протеините, аминокиселините и витамините .

kook

MarioFit: Колку време е потребно да се постигнат видливи резултати?

-Според моето искуство, после 1-2 месеци почнаа да се забележуваат резултати од тренинзите на моето тело, кои ги забележував и јас и другите околу мене. Затоа сметам дека секој почетник може да постигне видливи резултати за брзо време, доколку сериозно се посвети на вежбањето, дури и без да користи суплементација. Секако постојаноста во вежбањето е најважна, колку подлого време (месеци, години) се вежба толку повеќе резултатите се подобри и потрајни што е најважно.

sssss

MarioFit: Колку пати тренираш и како изгледа твојот неделен план за тренирање?

-Тренирам 4-5 пати неделно, со тоа што 2 пати неделно тренирам нозе и 2-3 пати го тренирам горниот дел на телото (грб, рамо, гради, раце и стомачни). Во лето го зголемувам бројот на тренинзи и додавам кружни тренинзи каде што вежбите ги правам без пауза и кои ми служат како замена за кардио.

MarioFit: Кои се твоите најомилени вежби за нозе и задник?

-Имам 3 омилени вежби за нозе и задник, а тоа се преса, чучњеви и мртво дигање и овие вежби ги изведувам на повеќе начини.  Овие ми се најомилени и главни вежби, но секако имам и дополнителни вежби за загревање пред да преминам на главните.

MarioFit: Кои суплементи ги користиш? Дали девојките можат и требаат да користат суплементи?

-Суплементи кои ги користам  во исхраната се протеини, амино-киселини и витамини. Во однос на прашањето дали девојките можат да користат суплименти мојот став е дека колку повеќе се изложуваме на физичка активност толку повеке треба да внимаваме на исхраната и одморот. Модерниот начин на живеење не ограничува  во остварувањето на таа цел и секако тука се суплиментите да ни помогнат да ја урамнотежиме дневната потреба од нутритиви за побрзо регенериранење на телото. Според тоа  и жените можат да користат  суплименти и би им препорачала особено на оние кои редовно вежбаат.

sssssss

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *