Храна што ги зацврстува лигаментите и тетивите

Секојдневно работиме на градба на мускулите преку исхрана и тренинг, и често ги забораваме лигаментите и тетивите во тој процес. Сè додека не дојде до повреда. А потоа ни станува јасно колкава е всушност нивната улога во нашата физичка форма и колку се мускулите бескорисни без нив.

Зошто тетивите и лигаментите?

Тетивите се дебели снопови од колаген што ги поврзуваат мускулите со коските и овозможуваат движење, а лигаментите се флексибилни снопови од колаген што ги поврзуваат коските со другите коски и ги штитат зглобовите. Иако имаат делумно различни функции во телото, и тетивите и лигаментите се сврзни ткива составени од колаген, еластин и минерали како што се калциум, манган и други, па така на нивната состојба можеме многу да делуваме преку храната.

Она што најмногу им треба е следново:

Витамин Ц и манган

Најголемиот дел од сврзните ткива се состои од протеинот колаген. За да произведе колаген, на телото му е потребен витамин Ц и минерал манган. Витаминот Ц го има во пиперки, брокула, киви, портокал, грејпфрут, бобинки, кељ, а манганот во школки, лешници, ореви, семки од тиква, чиа семе, лен, спанаќ, ананас.

храна за тетиви и лигаменти 1

Витамини Б6 и Б12

Овие витамини ги поддржуваат нервните функции и помагаат во формирањето на аминокиселините, а тие се градбени блокови на протеините кои организмот ги користи за формирање на мускулите, тетивите и лигаментите. Витамин Б6 можете да внесете преку леблебии, лосос, пилешко, мисиркино месо, компири, спанаќ, банани, сончоглед, а витамин Б12 преку школки, лосос, јајца, пастрмка, говедско месо, житарки. Исто така можете да ги внесете преку додатоци – мултивитамини или Б-комплекс таблети.

Магнезиум

Магнезиумот е минерал што помага при опуштање на мускулите, формирање на коските и при синтезата на протеини. Можете да го внесете преку храна како што е спанаќ, авокадо, бадеми, кикирики, индиски ореви, или засебно во облик на суплемент.

магнезиум за тетиви и лигаменти

Цинк

Цинкот е уште еден минерал што помага при синтезата на протеини и при формирањето на сврзни ткива, и дејствува како поддршка на имуниот систем. Го има во пилешкото месо, остриги, свинска кременадла, јастог, индиски ореви, леблебии, а може да се земе и преку суплемент.

Куркумин

Екстракт од куркума кој има силни антиоксидативни и антивоспалителни својства, и ги штити зглобовите, тетивите и мускулите. Делува превентивно на болката во самиот извор, наместо да ја намалува откако веќе ќе се појави. Освен тоа што спречува појава на болка, куркуминот помага за целокупно подобрување и одржување на мобилноста на зглобовите и тетивите, како и за успорување на процесот на стареење на ‘рскавицата. Иако е потполно природен, се зема во облик на додаток бидејќи за жал неговата количина во куркумата е многу мала. На нашиот пазар можете да го најдете природниот суплемент Flexofytol, кој e создаден со био-оптимизирање на куркуминот, за полесно и побрзо искористување на неговите позитивни својства. Една капсула содржи 42мг од овој екстракт, па така доволни се само две капсули дневно за постигнување на оптимални резултати.

flexofytol

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *