Симе Бунгуров

Симе Бунгуров

Не можам да ви опишам колку сум горд на постигнатите резултати. Под раководство на најдобриот тренер Марио, постигнавме и ќе постигнуваме уште подобри резултати, бидејќи ова е само почеток. It’s simple – train hard, eat clean, sleep well & have faith!

Тоде Петревски

Тоде Петревски

Сакам да му се заблагодарам на Марио за нашата соработка која траеше околу 7 месеци каде што изгубив околу 32кг. Првичната цел ми беше да ослабам, но со самото тоа јас добив и други бенефити, здрав начин на живот, цврсти мускули, подобро чувство како и подобрена психо-физичка состојба.

За Марио можам да дадам само позитивни коментари за професионалноста како и за максималната посветеност како тренер и како другар. Во ниту еден момент не ме одбил за било кое прашање што сум му го поставил во врска со исхраната, суплементација и тренинзите, значи секогаш бил тука за мене и максимално ми се посветувал, ми давал мотивација и со еден збор активно бил вклучен во целиот тој процес со вистински совети се со цел да постигнам подобри резултати, и да напоменам дека соработката се одвиваше 90% online.

За целото тоа време јас ги добив саканите резултати со многу многу труд и упорност, само тоа е клучот на успехот, не постои магична формула или препарат кој ќе ви го овозможи тоа, цврста волја и стабилен карактер ќе ве однесат до посакувата цел. Доколку навистина сте решени да направите промени со себе, дали да го подобрите здравјето, изгледот, да ја зголемите мускулната маса или да го стопите салото слободно обратете се кај Марио и сигурен сум дека ќе бидете задоволни од постигнатите резултати.

Жарко Андреев

Жарко Андреев

Марио Јовановски е максимален професионалец, кој во моментот навистина ми излезе во пресрет… Во старт ми беше направен режим на исхрана според моите потреби и потребите на програмата што ми беше исто така направена од негова страна…

За себе можам да кажам дека активно тренирав фудбал 15 години, но кога дојде моментот да прекинам да се занимавам со тој спорт, од навика телото да биде секогаш физички спремно, продолжив да спортувам пронаоѓајки се во боди билдингот. На почетокот како и секој почетник кој недоволно е упатен во тој спорт, на своја рака започнав да ги работам вежбите, секако мислејќи дека така е правилно. Секогаш некој од страна што е по искусен и подолго во тој спорт, макар и неупатен, ќе ти каже дека не ги работиш правилно вежбите и ќе ти даде совет како е правилно.

По одреден период сфаќаш дека и така не функционира па доаѓа моментот кога пребаруваш програми од интернет па започнуваш и на трет начин да вежбаш. Секој од нас во таква ситуација, од пуста желба да го пронајде начинот како побрзо до добро тело и физичка форма, започнува да прима совети од секоја личност која е малку повеќе или помалку упатена во овој спорт.

После поминати 4 години во овој спорт, дојдов до моментот на стагнирање каде веќе она што сум го постигнал на своја рака беше далеку од тој степен да бидам задоволен. Најлош момент е кога секој од нас се вложува во вежбањето, се обидува колку што може да ја следи правилната исхрана и да се лиши од брза храна, но кога тоа не му се вреднува е најтешко.

Сфатив дека дојде моментот кога веќе започнав да лутам во овој спорт и да не можам да си помогнам себе па затоа се решив да побарам стручна помош во Марио Јовановски, максимален професионалец, кој во моментот навистина ми излезе во пресрет. Во старт ми беше направен режим на исхрана според моите потреби и потребите на програмата што ми беше исто така направена од негова страна. Ми беше овозможена достапност во секој моментот доколку имав потреба од совети како да импровизирам со храната.

Поминав неколку месеци заедно со него, месеци исполнети со труд, пот, жртвување, зошто сите знаеме колку е лесно да си најдеме оправдувања дека се нема време, се нема пари за да се вложиме во овој спорт но кога се сака нешто да се постигне нема ускратување на времето и средствата кои сакаме да ги вложиме. Колку повеќе напредував толку повеќе сфаќав, колку овој спорт е голема наука и колку само има работи кои што не ги познавам а ги учев полека.

На секој од нас му треба стручна помош кога ќе дојде до оној сегмент од вежбањето каде повеќе не може да продолжи самиот и му треба насока во која сакаме и треба да се движиме, затоа што таа жртва и труд што ја даваме сакаме да се исплати а токму тоа јас го пронајдов во Марио Јовановски како мој персонален тренер. Можам да кажам дека последниве две години јас конечно знам како да ги делам партиите на вежбање, како да ги работам правилно вежбите, како да се хранам правилно и како да импровизирам со храната. На сите оние кои биле или се наоѓаат во мојата ситуација од пред неколку години можам само да ги охрабрам оние кои се двоумат, да побараат стручна помош во Марио Јовановски за да се уверат дека сепак со вложување и труд можат да се случуваат убави работи со вашето тело. Оставаме на вас да пробате и да се уверите.