Мускулна маса: Зошто жените не можат да изградат „билдерско“ тело

мускулна маса- жени
Стравот од зголемувањето на мускулна маса до степен којшто го постигнуваат мажите спречува многу жени да ги искористат предностите на вежбањето со тежини. Иако жените во бодибилдингот покажуваат дека тоа не е невозможно, мора да знаете дека воопшто не е лесно, дури и кога таквиот изглед е ваша цел. Мускулна маса кај жените Мажите и жените се структурно слични, но сепак постојат многу физиолошки разлики помеѓу нив коишто влијаат на способноста на нивните тела да градат мускулна маса. Хормо...
More

Зошто треба да внесувате протеини непосредно пред спиење?

протеини пред спиење
Од сите фактори коишто влијаат на мускулниот раст, најголемата препрека до вашата цел може да биде соодветниот внес на протеини. Затоа е важно да внимавате на количината и квалитетот на протеините што ги внесувате во текот на денот. Во спротивно, голем дел од трудот што го вложувате на тренинзите нема да има голем ефект. Мускулното ткиво е метаболички најактивно и најадаптивно ткиво во нашето тело. Тоа е во константна фаза на промена – или се разделува (катаболичка фаза) или се гради (анаболи...
More

5 неопходни суплементи за одржување на здравјето и формата

неопходни суплементи
Секој суплемент има свои предности во зависност од вашата цел, навики, исхрана, буџет... Ама ако треба да се издвојат 5 што се корисни за сите, особено за оние што се грижат за здравјето и формата, ова е базата: 1. Витамин Д Недостатокот од витамин Д е честа појава, речиси половина од луѓето се сооуваат со овој проблем во одреден момент. Најчестите причини за тоа се долгото време поминато во затворен простор, генетиката и исхраната со малку микронутриенти. Последиците од ова се проблеми со кос...
More

8 причини зошто се тежинските тренинзи посебно корисни за жените

тежинските тренинзи за жените 5
Се надевам дека до сега веќе утврдивме дека тежинските тренинзи сами по себе нема да ве направат големи и мускулести ако тоа не е вашата цел. Сега на ред е да ги прочитате овие 8 од многуте придобивки што ги носат вежбите со тежини и да дојдете во теретана! :) 1. Цврст задник, раце и нозе Да почнеме од најочигледните резултати :) Иако верувам дека личното задоволство и чувство на исполнетост доаѓаат од многу различни аспекти, степенот до кој сте среќни од одразот во огледалото е исто така силе...
More

Храна што ги зацврстува лигаментите и тетивите

цврсти тетиви и мускули
Секојдневно работиме на градба на мускулите преку исхрана и тренинг, и често ги забораваме лигаментите и тетивите во тој процес. Сè додека не дојде до повреда. А потоа ни станува јасно колкава е всушност нивната улога во нашата физичка форма и колку се мускулите бескорисни без нив. Зошто тетивите и лигаментите? Тетивите се дебели снопови од колаген што ги поврзуваат мускулите со коските и овозможуваат движење, а лигаментите се флексибилни снопови од колаген што ги поврзуваат коските со другите...
More

Колку се важни растителните влакна во исхраната?

растителните влакна во исхраната
Ако до сега не сте ги сметале растителните влакна за важен дел од исхраната, сте се лишиле од многу позитивни својства што можат да ви помогнат во остварувањето на фитнес целите и во подобрување на општото здравје. Растителните влакна се делат во 2 основни групи – растворливи во вода и нерастворливи. Растворливите растителни влакна имаат многу позитивни својства како намалување на холестеролот во крвта и артериите, заштита од срцеви заболувања и удари, како и намалување на апетитот. Нераствор...
More

4 митови за протеинската исхрана и научните ставови за нив

Науката за фитнесот констатно напредува и со тоа ги поткрепува или побива тврдењата што можете да ги слушнете низ неформалните муабети. Протеинската исхрана е веќе докажана како корисна за физички активните луѓе, но никогаш не е на одмет да размислувате критички и да истражувате. Следат 4 митови за ефектите врз здравјето од исхраната базирана на протеини и одговорите од науката: 1. Протеинската исхрана ќе ве здебели Овој мит е многу далеку од вистината :) Внесувањето на најголемиот дел од кало...
More

4 тренинг навики што ве водат кон повреда

ризични тренинг навики
Покрај зголемување на силата и подобрување на изгледот, една од главните цели во фитнесот треба да ви биде и развивање на правилни тренинг навики. Така ќе си обезбедите прогрес во сите аспекти од тренингот и што е уште поважно – ќе се заштитите од повреда. Штом ќе влезете во теретана заборавете на егото. Знаете дека фитнесот е натпревар со себе, но и во тој натпревар се случува понекогаш да се занесеме и да го форсираме телото до степен што го загрозува нашето здравје. „Ризични“ тренинг нави...
More

Дали витамин Д треба да биде на вашата листа на суплементи?

суплементи - витамин Д
Над 40% од возрасните луѓе на нашето поднебје се соочуваат со дефицит на витамин Д во организмот. Оваа бројка е уште поголема во зимскиот период кога сме лишени од еден од најголемите извори на овој витамин, сончевите зраци, заради кратките денови кои често се облачни. Тоа значи дека во моментов шансите се големи да имате потреба да го додадете на листата на суплементи што ги користите за подобро здравје и подобри спортски перформанси. Нивоата на овој витамин во крвта, покрај изложеноста на с...
More

6 митови за жените во фитнесот што го кочат вашиот прогрес

жените во фитнесот
Жените во фитнесот се соочуваат со многу митови и предрасуди од кои поголемиот дел се сосема неосновани. Но, сепак тие кружат наоколу и им стојат на патот кон достигнување на сопствениот максимум од напорите и времето што го вложуваат во тренинзите. За жал тешко е да се покријат сите овие теми во еден здив, но ќе почнеме од најчестите 6. 1. Жените во фитнесот треба да тренираат различно од мажите Оваа теорија сигурно сте ја слушнале многу пати до сега. Мажите треба да вежбаат со големи тежини ...
More