6 важни причини зашто треба да користите WHEY протеин!

Whey протеинот не е само “гориво” за големи мускули. Не сфаќајте погрешно, ако имате редовни, интензивни тренинзи, ако се придржувате до режим на исхрана кој е богат со протеини, фибриди, витамини, минерали, сложени јагленохидрати и здрави масти и сепак не ги добивате резултатите кои ги посакувате, whey протеинот може да биде од помош. Но, тоа не е единствената причина зашто протеинот од млечна сурутка (whey) треба да биде дел од вашата дневна рутина. Јас ги составив 6те најважни причини зашто whey протеинот треба да го користите секојдневно!

1. НАМАЛЕТЕ ТЕЛЕСНИ МАСТИ И ЗАДРЖЕТЕ ЈА МУСКУЛНАТА МАСА

Го намаливте калорискиот внес со цел да намалите телесни масти ? Ако тоа е вашиот случај, тогаш сигурно ќе бидете заинтересирани за податокот дека научници во Minnesota изведоа 12 неделно истражување каде што испитаниците биле на режим на исхрана во кој бил редуциран калорискиот внес за 500 kcal. Потоа, на една група им било дадено whey протеин, а на другата група напиток со сличен тотален калориски износ. Оние кои конзумирале whey протеин како додаток во исхраната намалиле значително поголем целокупен процент на телесни масти (6,1%) и подобро ја зачувале тешко стекнатата мускулна маса.

2. ЗГОЛЕМЕТЕ СИЛА И МУСКУЛНА МАСА

Тренирате интензивно со цел да зголемите сила ? Истражувачи од “Baylor University University” од Waco, Texas, земале 19 мажи и ги ставиле на 10 неделна програма со тежинско тренирање, давајќи и на едната група 14 грама whey и casein протеин заедно со 6 грама амино киселини, додека на другата група им дале 20 грама пласебо прашок. Оние кои конзумирале whey протеино имале зголемување на чистата мускулна маса и на сила. Клучот е да се следи примерот од истражувањето и да се конзумира whey протеин 1 час пред тренинг и веднаш после тренинг.

3. НАМАЛУВА ГЛАД

Гладни сте ? Whey протеинот може да ви помогне да го намалите гладот, со цел да не изградите тело во…округла форма. Австралиски истражувачи испитувале 28 мажи со прекумерна тежина. Оние кои конзумирале напиток со 50 грама протеин од сурутка значително ги намалиле нивоата на хормонот ghrelin (хормон кој му сигнализира на мозокот дека сте гладни) до 4 часа по конзумирањето. Наместо да јадете нездрави ужинки, измешајте си еден протеински шејк.

4. БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

Ракот е смртоносна лотарија која има допрено до многу семејства. За среќа, има начини како да се заштитиме од него. Еден од начините е да правите редовни прегледи за специфичниот тип на рак од кој можеби генетски да го наследите од некој ваш член на семејството. Бројни истражувања заклучиле дека whey протеинот може да помогне во борбата против некои видови на рак, вклучувајќи рак на простата и дебелото црево. Ако сте изложени на ризик, правете редовни снимки, слушајте ги советите од докторите и размислете да го вметнете протеинот од сурутка во вашата редовна исхрана.

5. СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС

Се чувствувате под стрес ? Не помислувајте да посегнете по алкохолот, затоа што истражувања во Холандија покажуваат дека е откриена подобра алтернатива за оние кои се подложни на стрес. Истражувачите ставиле 58 субјекти   под експериментален стрес и откриле дека оние кои конзумирале whey протеин, искусиле помалку симптоми на депресија и биле во подобро расположение во споредба со оние кои не користеле. Заклучиле дека имало промени во нивоата на серотонинот. Наместо да “убивате” стресот со алкохол, размислете да се освежите со протеински шејк.

6. СИЛЕН ИМУН СИСТЕМ

Сакате да го подобрите вашиот имунитет ? Универзитетот од Alberta направиле истражување во кое било вклучена интензивна аеробна активност; субјектите кои биле тестирани искусиле значително намалување на нивоата на glutathione кое пак може да влијае на нервниот, гастроинтестиналниот и имуниот систем. Како и да е, тие исто така откриле дека користење на протеин од млечна сурутка, испитаниците искусиле значително помало намалување на glutathione. Ако практикувате долги аеробни тренинг сесии а не сакате да ги ризикувате нивоата на glutathione, борете се против тој ефект со whey протеин.

Share Button