5 неопходни суплементи за одржување на здравјето и формата

Секој суплемент има свои предности во зависност од вашата цел, навики, исхрана, буџет… Ама ако треба да се издвојат 5 што се корисни за сите, особено за оние што се грижат за здравјето и формата, ова е базата:

1. Витамин Д

Недостатокот од витамин Д е честа појава, речиси половина од луѓето се сооуваат со овој проблем во одреден момент. Најчестите причини за тоа се долгото време поминато во затворен простор, генетиката и исхраната со малку микронутриенти. Последиците од ова се проблеми со коските, зголемен ризик од инфекции на респираторниот тракт и послаби резултати од физичките активности. Освен изложувањето на сонце (што е потешко изводливо во зима), најдобар начин да ги одржувате препорачаните нивоа на овој витамин во организмот е да го внесете преку суплементи.

неопходни суплементи 8

2. Рибино масло

Масните киселини што ги внесувате преку исхраната имаат улога на извори на енергија и затоа се неопходни за сите физички активни луѓе. Покрај тоа, тие регулираат многу биолошки функции во телото.  Најпознатите масни киселини за коишто често слушаме се омега-3 и омега-6. Генерално, внесуваме повеќе омега-6 отколку што ни е потребно, додека имаме недостаток од омега-3, а токму тие помагаат при одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, ги ублажуваат воспалителните процеси, и го зајакнуваат имунитетот. Нашето тело не може самостојно да ги синтетизира и затоа е потребно да ги внесеме преку зголемен внес на риба или рибини масла во облик на суплементи.

3. Whey протеин

Долго време владееше тврдењето дека идеалната количина на протеини е 0,8 грама по килограм телесна тежина, но новите истражувања покажуваат дека ова е всушност минимална, а не оптимална препорачана дневна доза. За оптимизирање на чистата мускулна маса, здрави коски и генерално добро здравје на физички активните луѓе дневно им се потребни помеѓу 1,2 и 1,6 грама протеини по килограм телесна тежина. Оваа количина е тешко да се внесува секојдневно преку храна, но висококвалитетен whey протеин може да ги надополни недостатоците.

неопходни суплементи 5

4. Креатин монохидрат

Во светот на спортските суплементи креатинот монохидрат е познат како најистражуваниот во последните 30 години. Неговите позитивни својства се повеќе пати научно докажани и вклучуваат зголемен капацитет за тренирање и забрзано зголемување на мускулната маса. Креатинот е полипептид составен од глицин, аргинин и метионин. Природно е присутен во нашето тело и се акумулира во мускулните ткива. За време на интензивни тренинзи резервите на креатин фосфат во телото се намалуваат и ги попречуваат мускулите правилно да контрахираат. Затоа се препорачува земање на креатин во форма на суплемент што ќе ги врати овие нивоа во нормала и ќе овозможи побрз мускулен раст. Врз база на истражувањата постојат 2 начини на кои можете да го извлечете максимумот од креатинот – да земате 15-20 грама дневно во период од 3 до 5 дена, а потоа да продолжите со по 5 грама дневно, или да земате по 5 грама дневно во континуитет. Кој начин и да го изберете, ќе ги надополните резервите на креатин коишто му се потребни на вашето тело.

5. Квалитетен сон

Квалитетниот сон е еден од најефикасните суплементи кои не смеете да ги прескокнете. 🙂 Ви помага во процесот на опоравување, враќање на силата и одржување на здравјето. Колку и да сте посветени на редовни тренинзи и правилна исхрана, ако ви фали сон се лишувате од многу поголеми резултати од тие што ги постигнувате. Затоа, обидете се да си поставите режим за спиење исто како што правите со вежбањето и храната, за да ви прејде во здрава навика. Ако имате проблеми со заспивањето рано, обидете се да исклучите телефони, лаптопи, телевизори, светла… сè што може да ви го одзема вниманието. Дополнително ќе го опуштите телото и ќего подготвите за сон ако се напиете магнезиум пред да си легнете.

неопходни суплементи 7

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *