4 причини зашто не намалувате на ТЕЛЕСНИ МАСТИ како што посакувате!

  1. НЕ ГО ПРАВИТЕ ПРАВИЛНО ТЕЖИНСКИОТ ТРЕНИНГ

Аеробниот тренинг или “кардиото” троши калории но нема никаква врска со забрзувањето на вашиот метаболизам. Тежинскиот тренинг е есенцијален за градење или задржување на мускулната маса. Не збориме тука за влегување во теретаната и да фрлите по некој тег, некоја серија на бенџ прес, можеби малце на лат машината , доволно колку да се рече дека сте вежбале. Тука збориме за вистински тренинг за сила и маса со есенцијалните вежби како што се чучањ, мртво дигање, основни вежби со потисок, и тежини кои нема да бидат претешки за вас, но сепак секоја пат ќе ве предизвикуваат.

Ако се обидувате да стопите масти без тежински тренинг или константно правење тренинзи со многу серии и повторувања, со сигурност ќе изгубите мускулна маса и има можност вашиот метаболизам да се успори. Во превод – поспор метаболизам, помалце трошење на калории и масти преку денот.

Составете тренинг програма со вежби и движења кои се основни, користејќи тежини кои ќе ви бидат предизвикувачки секој тренинг. За секој половина килограм мускул што ќе додадете, вашето тело троши околу 50 калории повеќе; од другата страна, половина килограм сало не прави ништо, освен негативно. Веројатно ја сфаќате поентата, со тоа што ќе додадете 1,5 килограм мускул, вашето тело ќе троши 150 калории повеќе на ден, а со тоа ќе изгубите 7 килограми масти за 1 година. Кој не би сакал да стопи 7 килограми масти со тоа што ќе додаде 1,5 килограми мускул ?

Never-Sacrifice-Form

  1. НЕСТРПЛИВИ СТЕ

 

Вежбате кон вашата цел неколку недели или месец, гледате минимални резултати и веднаш се демотивирате и планирате да се откажете. Многу често луѓето почнуваат да го прават тоа, имајќи грешен ментален пристап; гледаат фитнес модели, натпреварувачи, насловни страни и очекуваат така да изгледаат за неколку месеци. Тоа е невозможно, затоа што се потребни месеци  по месец, и година по година за да се достигне тој физички изглед со кој вие ќе бидете среќни. Треба да најдете тренинг програма и режим на исхрана и да се придржувате до нив; ако било лесно како што пишува во сите магазини и интернет страни сите би изгледале како фитнес модели за неколку недели.

Поставете си краткотрајни цели, тренирајте јако, хранете се како што треба еден ден, и потоа повторувајте го тоа константно. Прогрес – а не перфекција, затоа што никогаш не може да бидете перфектни, но секогаш може да се надоградувате и да се подобрувате. Се се врти околу “патувањето” , прогресот и желбата да се биде подобар од ден во ден. Бидете стрпеливи, резултатите ќе дојдат, можеби не толку брзо како што вие посакувате, но верувајте дека со посветеност и време тие ќе дојдат.

noshortcuts1

 

  1. ЈАДЕТЕ ПРЕМНОГУ ИЛИ НЕ ЈАДЕТЕ ДОВОЛНО

 

Начинот на исхрана е без сомнение, НАЈГОЛЕМИОТ проблем кои луѓето го имаат кога сакаат да ослабат и да стопат масти. Ако не знаете секој ден колку јагленохидрати, протеини и масти внесувате, како знаете дека не внесувате повеќе од што треба ? Кога ќе прашате некој како се храни, и тие ви одговорат дека прилично здраво и добро, тој одговор најчесто во превод е  лош начин на исхрана. Дури и да имате група пресметка, секогаш од некој извор ќе имате некој вишок на калории, затоа е важно да имате се точно пресметано.

Можеби моментално не јадете доволно, или сте моментално во калориски дефицит. Како и да е, може вашиот дефицит е пренизок;  кратењето на многу калории може да го успори вашиот метаболизам. Запомнете – целта е да се намалат мастите, не телесната тежина, тоа се две сосема различни работи. Секој може да биде “исушен”, не јадете (доволно) и вежбајте со часови; нашата цел да се биде тониран, дефиниран и комплетен. Можеме цел ден да се вртиме околу соодност на јагленохидрати, протеини и масти. Многу е едноставно, запишете точно колку ви треба во текот на еден ден, и поделете го на повеќе мали оброци, базирано на вашите цели.

cheat-diet-for-bodybuilders-iifym-1

  1. СИ ДОЗВОЛУВАТЕ ПОВЕЌЕ СО АЛКОХОЛОТ

 

Алкохолот не е ваш пријател поради многу причини кога станува збор за намалување на масти и дефиниција. Фактите околу него – го успорува метаболизмот, го стимулира апетитот  и најчесто се полни со шеќер. Кога би биле пијани секој викенд цела година, тоа ги прави 52 дена во годината, тоа ви е исто како да сте пијани од нова година до св. Трифун – звучи лудо кога гледате на работите на тој начин. Шансите се помали дека после луда ноќ надвор од дома ќе ги земете сите потребни суплементи и протеински шејк пред спиење. Поголеми се шансите да појдете да купите пица, затоа што тоа го прават другите.

Не велиме дека не може да имате супер вечер помината со пријателите од време на време, но постои паметен и помалку паметен начин тоа да се направи. Да јадете перфектно и да правите “cheating” преку пијалок е лош почеток. Како и да е, ако сакате да влезете во топ форма, алкохолот не би требало да е на вашето мени.

Постојат многу ситници кои се провлекуваат и им го уништуваат трудот на луѓето кои сакаат да влезат во форма. Некогаш малите работи се оние кои прават голема разлика.

Arnold

Share Button