3 грешки во исхраната – причини заради кои сте секогаш гладни

Ви се случило да почувствувате глад еден час после последниот оброк? Ако ова ви се случува често, не се потпирајте на објаснувањата како што се ултра брзиот метаболизам или потребата од поголема количина на храна, туку побарајте ја причината во некоја од честите грешки во исхраната кои можеби ги правите.

1. Не внесувате доволно растителни влакна

Една од најчестите грешки во исхраната која сите ја правиме е тоа што забораваме на важноста на растителните влакна. Се фокусираме на макронутриентите – протеини, јаглехидрати, масти. Но, на нашето тело му се потребни и раститални влакна, и тоа 38 грама на мажите и 25 грама на жените во дневната исхрана според препораките од нутриционистите. За жал, истражувањата покажуваат дека во просек внесуваме помеѓу 15 и 18 грама. Со ова го намалуваме потенцијалот на организмот за беспрекорно функционирање и не ја користиме моќта која растителните влакна ја имаат врз намалувањето на апетитот кој нè спречува да се придржуваме кон режимот на исхрана.

грешки во исхраната - растителни влакна

Како да внесувате повеќе растителни влакна?

Најлесниот начин да го направите ова е да ги замените „белите“ јаглехидрати (бел леб и тестенини, бел ориз…) со кафените (леб и тестенини од цело зрно, интегрален ориз, овес…) и со тоа ќе го зголемите внесот на растителни влакна за 4-5 грама по оброк. Лененото семе е исто така одличен избор за додаток во храната кој обезбедува 3 грама растителни влакна во една кафена лажичка семки. Можете да го користите во вашите салати, овесни каши и шејкови.

2. Не пиете доволно течности

Знам дека за ова слушате и читате секој ден, од сите лекари, нутриционисти, фитнес тренери, но повторно истражувањата и искуствата кажуваат дека недостатокот од течности е една од најголемите грешки во исхраната која упорно се повторува. Затоа ќе ви нагласам уште еднаш дека на нашето тело му се потребни многу течности во денот, секој ден, за да функционира оптимално и од физички и од когнитивен аспект. За жените се препорачуваат 12, за мажите 16 чаши течности во денот, што иако звучи едноставно, знае да биде тешко изводливо при трката со сите обврски. А ако вежбате, ви требаат уште повеќе течности. За секои 15 минути физичка активност треба да внесувате дополнителни 150-200 милилитри течност која не содржи калории, најдобро вода. Ова дополнително ќе ви помогне да ги спречите нападите на глад. Често пати кога чувствувате дека стомакот ви е празен, на телото му е потребна вода, а не храна.

Интересно:  Моќта на протеинот: Oсум едноставни правила

грешки во исхраната - вода

Како да пиете повеќе течности?

Секогаш носете со вас шише вода – на работа, во вашиот автомобил, додека се движите надвор, додека вежбате, и оставете го покрај креветот кога одите да спиете. Пијте од него секој пат кога ќе го видите, не чекајте да почувствувате жед – тогаш вашето тело е веќе влезено во дехидрација. Пијте вода, чаеви и спортски пијалоци додека сте на тренинг. Ако имате сериозен проблем со апетитот, пијте по половина литар вода пред и после оброкот за вашето тело да му даде сигнал на мозокот дека сте сити и потоа продолжете со оптимално внесување течности до следниот оброк.

3. Не јадете доволно зеленчук

Зеленчукот го намалува чувството на глад заради тоа што содржи до 90% вода, но и голема количина на растителни влакна. Ќе го најдете во основата на секој режим на исхрана и заради фактот што има многу малку калории, па така можете да го консумирате во поголеми количини без да го надминете зацртаниот калориски внес. Што значи „доволно“ зеленчук? Минимум 3 раце дневно зелени, портокалови, црвени или жолти плодови, како што се моркови, пиперки, марула, спанаќ, брокула…

грешки во исхраната - зеленчук

Како да јадете повеќе зеленчук?

Зеленчукот треба да биде дел од речиси секој ваш оброк. Но, не се потпирајте само на главните оброци – додавајте го во пијалоците кои ги подготвувате и користете го како здрава ужина. Наместо да паѓате во искушенија да грицкате нешто нездраво помеѓу оброците, земете морков на пример, ќе ве засити и освежи во исто време, а што е најважно ќе го подобри вашето здравје.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *