10 лесни начини да се храниме правилно без диетa

 

Зошто диетите никогаш не успеваат?

 

Затоа што луѓето ги гледаат диетите како привремено решение за доживотен проблем. Наместо да следиме некои луди начини на исхрана кои се состојат од кељ и грав, ние треба да се фокусираме на правење вистински избор на животен стил. Ова ќе ни овозможи да живееме здрав живот без да мораме да пиеме од магичниот овошен сок кои сме го платиле прескапо.

Не се фокусирајте на држење на диета , туку на добро избалансиран начин на исхрана.

Кога станува збор за храната која ја конзумираме, ние секогаш се стремиме да се фокусираме на погрешни работи.

Наместо себеси да си кажувате дека денес сте јаделе здраво, кога сте ја имале таа “салата” (кога знаеме добро дека салатата имаше повеќе калории отколку вашите пријатели хамбургерот и помфритот),правете ги следниве нешта за подобрување на вашата исхрана. И не грижете се. Се уште можете да јадете пица, само оставете ја “салатата” на страна.

 

Јадете поздраво со овие 10 совети!

 

  1. Не ги пијте вашите калории

 

Кога излегувате на вечера со вашите пријатели или семејството пијте вода или црно кафе наместо газиран сок или џус. Пиењето на вашите калории не доведува до ситост. Со други зборови, со пиење на вашите калории нема да се заситите.  Не пиејќи два газирани пијалоци дневно ќе заштедите 300 калории,а ова е еднакво на повеќе од 20 килограми годишно.

 

  1. Внимавајте на преливите

 

Преливите додаваат непотребни калории во вашата исхрана. Заеднички додатоци како што се кечап, BBQ сос, и крем преливи додаваат неколку стотици калории на вашиот оброк. Наместо тоа, држете се до нискокалорични зачини како лут сос, бафало сос, или сенф. Овие зачини или оцетни додатоци имаат многу малку калории во споредба со останатите.

 

  1. Оставете го сирењето на страна!

 

Да сите сакаме сирење. Јас не велам да го исклучите и од вашата пица затоа што тоа ќе ве убие. Но сепак, со исклучување на сирењето од некои секојдневни јадења, како што се салатите и сендвичите ќе го намалите калорискиот внес до неколку стотици калории. НО, вистината е дека сите знаеме колку неверојатно добри се сирењето и кашкавалот, па можеби само побарајте на келнерот да ви стави помалку во следното јадење.

Hero

  1. Секогаш носете си храна подготвена од дома

Вие не мора да носите со себе варено пилешко и три парчиња на спанаќ за ручек. Но носејќи свој ручек имате далеку поголеми шанси да конзумирате помалку калории. Многу пати оброците во ресторан имаат над 1000 калории. Сепак, дури и да донесете чоколадна торта со вас за ручек најверојатно ќе внесете многу помалку калории.

 

  1. Добро изберете ја вашата ужина

 Ние сите огладнуваме додека сме на работа. Особено во попладневните часови. Наместо да одите до апаратот за храна за ја земете вашата дневна доза на чоколади и слатки, постојат голем број на опции за ужина кои се здрави и немаат лош вкус – јаткастите плодови, нискомаслени јогурти и намази и слично.

 

  1. Јадете помали оброци

Вашето целвкупно зголемување/намалување на телесната тежина е едноставно утврдено со тоа колку калории внесувате и колку калории трошите. Сепак, со поделба на дневните калории во помали оброци ќе ја избегнете болката која ја предизвикува гладот. Исто така ќе биде помалку веројатно да се прејадувате. Многу луѓе јадат само на ручек и вечера. Ова предизвикува да се прејадуваат во овие два оброци. Ако дневниот калориски внес треба да ви биде 2000 калории, обидете се тие калории да ги раздвоите во пет оброци составени од 400 калории, наместо на два оброка кои во себе содржат 1000 калории.

 

  1. Јадете зеленчук

 Да знам што сега мислите. Па многу нормално дека знам дека треба да јадам зеленчук, па тоа го научив во прво одделение. Но шокирачки е бројот на луѓето кои јадат малку или не јадат воопшто зеленчук. Зеленчукот не мора да има вкус на обична трева. Само внесето го зеленчукот како салата или гарнир додека ги јадете вашите секојдневни оброци и вашето тело ќе ви биде благодарно.

 

  1. Намалете со слатките

Следете 80/20 правилото. Најголем дел од вашата исхрана треба да се состои од здрава природна храна, но дозволете си “нешто благо” дневно се додека тоа е во умерени количини. Изберете мала закуска која има не повеќе од 100 калори, наместо големото пакување на Сникерс или Кит-Кат.

how-to-combat-food-cravings_b

  1. Појадувајте

 Истражувањата покажуваат дека е помалку веројатно луѓето кои појадуваат да го надминат потребниот калориски внес во остатокот од денот. Вашите наставници во основно училиште не ве лажеа кога ви рекоа дека појадокот е најважниот оброк во денот.

 

  1. Практикувајте умереност

Некои денови е во ред да се занесете јадејќи скара или омилената брза  храна се додека тоа не го претворите во навика. Дозволете си “cheat day” еднаш неделно, но само бидете сигурни дека вашата целокупната исхрана е како што треба во остатокот на неделата.

 

Заклучок

 

Премногу луѓе начинот на исхрана го гледаат како краткорочно решение; Како нешто што ќе им помогне да изгубат неколку калории пред да се вратат на стариот начин на исхрана каде што оправдуваат јадење кутија Oreos како оброк. Причината поради која диетите не успеваат е дека луѓето често се префрлаат напред и назад од една екстрема во друга. Тие одат од денес ќе џвакам кељ и ке вежбам пилатес до “fuck it” денес ќе си се најадам и онака не бев на тренинг. Ниту еден од овие два избори  нема да ви овозможи да си го подобрите вашето здравје. Следејќи ги овие неколку правила ќе си го олесните долгиот пат на здрав животен стил, а можеби и ќе ви помогнат да избегнете бајпас операција на срцето во следните 30 години.

 

 

 

Share Button