Фитнес храна со мексиканско потекло ? Сега и тоа е достапно!

Знаеме дека исхраната е клучот за постигнување на било која цел што ја имаме во однос на промена на телесната композиција. Јас не ги прифаќам оние билдерско-математички равенки (уште еден доказ дека кој вежба во теретана, тешко му иде со бројки…ха!) – 70% тренинг, 30% храна; 50% храна, 30% тренинг, 20% одмор, 10% вода…и слично. Доколку сакате оптимални, најдобри резултати, мора да бидете на се посветени 100%! 100% тренинг, 100% исхрана, 100% дисциплина – крај! Не можете да го надмудрите телото, не можете да надвежбате лош начин на исхрана.

За жал, “билдерскиот” начин на хранење некогаш знае да стане монотон затоа што немаме голем спектар и избор на храна од која може да бираме.
Но, сега има начин од време на време да се разбие таа монотонија! La puerta, ресторан за брза мексиканска храна неоддамна има принова во своето мени. Принова која ги израдува фитнес ентузијастите и сите оние кои сакаат да внимаат што и колку во денот конзумираат; колку протеини, јагленохидрати масти и целокупно – калории. Тие создадоа традиционално мексиканско burrito според фитнес стандардите – тоа е Fit Burrito! Доколку сте низ центарот на градот и имате потреба да го задоволите вашиот инстинкт за глад, а сепак да не правите “cheat meal”, појдете во La Puerta! Fit Burrito ќе ги задоволи вашите нутритивни потреби за еден здрав, превкусен  балансиран оброк за кој нема да чувствувате грижа на совест!

banerlapuerta

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *