Сеуште имате изговори ? Овој млад човек вежба со ВЕШТАЧКО срце во ранец!

Овој бодибилдер доживеал откажување на срцето имал итно пресадување и сега го носи своето вештачко срце во ранец. Andrew Jones го имал својот прв инцидент во 2012 година кога снемал воздух при трчање. Две години подоцна, се нашол во хорор ситуација кога почнал да искашлува крв и да има силна треска. Докторите во болница дијагностицирале кардиомиопатија, генетска болест на срцевиот мускул. Тој набрзо почнал толку да се заморува, што не можел самиот да оди, да се пресоблече ниту да се исправи.

Поради дефицитот на органи за трансплатација, му било вградено пејсмејкер и вештачко срце кое го носи во својата торба од тогаш. Сега, тој е назад во теретаната и покрај својата блиска средба со смртта, и вели дека со секој тренинг тој има солзи радосници и е благодарен за тоа што е жив.

А за деновите на несреќата, вели дека тоа не би го ни посакал на најголемиот непријател.

“Не можеш да дишиш, мислиш, јадеш ниту спиеш. Живеењето со таа болест предизвикува депресија и физичка болка. Морав да ја напуштам работата затоа што не можев да стојам на нозе повеќе од 10 минути. Секое патување до кујната беше хорор затоа што морав да одам по скалите. Не можев да се облечам без да се мачам да дишам. Мојот цел живот се распаѓаше.”

Кардиомиопатија не е обична болест, туку група од болести која ја погодува срцевата структура и елиминирајќи ја срцевата способност за испупување на крв низ телото.

Вештачкото срце на Jones има две цефки кои излегуваат од телото и се поврзуваат со машината во неговата торба. Машината доставува компресиран воздух до срцевите ќелии, овозможувајќи им да испумпуваат крв до телото. Докторите велат колку повеќе се грижи за своето здравје, нема да има проблем со кревањето на тегови.