Персонализирани тренинг програми

• Зголемете на чиста мускулна маса!
• Намалете ги килограмите и тврдоглавите телесни масти!
• Достигнете го телото што од секогаш го посакувате!

Ефективна и лесна за следење тренинг програма персонализирана според вашиот тип на тело, вид на активност и моментална спремност и вашата цел за да можете ефективно да го обликувате вашето тело преку зголемување на мускулната маса и намалувањето на телесните масти.

Вие одредувате колку пати неделно тренирате, односно колку пати може да идете во теретана во зависност од вашиот животен стил и за останатото ќе се погрижам јас; што, кога и колку пати ќе вежбате во текот на неделата. Специјално структурирани со најдобрите и најефективните вежби, број на повторувања, серии и начин на изведување со цел да ги добиете најдобрите резултати и да го извадите максимумот од секој тренинг!

12170262_10153505757920617_1954946120_n

Со овој пакет следува и персонален тренинг, еднаш во месецот во фитнес центар и тренинг мускулна група по ваш избор, со цел да се осигураме дека вашиот прогрес е на вистински пат! Добивате и бесплатна предлог листа на најдобрите и најоптималните суплементи кои ќе ви помогнат да ја достигнете вашата цел побрзо, препорачани од менe;детално објаснување што е нивната функција, што да користите и кога!

Оваа специјализирана тренинг програма ќе биде дизајнирана токму според вашите можности, животен стил и цел! Со цел Вие да бидете задоволни и да се осигурате дали сте на сигурен пат за било што во врска со вашата програма, може да ме контактирате во секое време на мојот приватен e-mail/skype/мобилен телефон и ќе добиете инстантен одговор.

Од кога ќе ја порачате персонализираната тренинг програма, ќе добиете повратно еден прашалник кој ќе треба да го одговорите и да ми го пратите назад. Со тоа ќе осигураме дека сме на прав пат кон создавање на план специјално дизајниран за вас и вашите цели и можности. Од кога ќе ми го пратите повратно прашалникот, во период од 2 до 4 дена вашата тренинг програма ќе биде создадена и ќе ви биде пратена! Од тој ден натаму, вашата животна трансформација започнува. Дозволете јас да бидам вашиот водиш на тоа патување!

*** Овој пакет се наплаќа еднократно. Контактирајте ме за повеќе детали на: мојата фејсбук фан страна, infomariofit@gmail.com

Share Button