Персонализирани режими на исхрана

  • Зголемете на чиста мускулна маса и обликувајте го телото!
  • Намалете ги килограмите и тврдоглавите телесни масти!
  • Достигнете го телото што од секогаш го посакувате!
  • Специјално создадени и за мажи и жени

 

7 различни менија, секое за секој различен ден во неделата со цел да нема монотонија во вашите оброци! ВИЕ одредувате што ќе јадете, односно Вие ми ја кажувате храната која ја јадете и храната која не ја јадете и за останатото ќе се погрижам јас; што, колку и кога треба да конзумирате. Калориите и макронутриентите (протеини, јагленохидрати и масти) ќе бидат детално и специфично означени и изработени за секој оброк и секој ден, со цел да ги добиете најдобрите и најбрзите резултати можно.

Добивате и бесплатна предлог листа на најдобрите и најоптималните суплементи кои ќе ви помогнат да ја достигнете вашата цел побрзо, препорачани од мене;детално објаснување што е нивната функција, што да користите и кога!

12083768_10153505759180617_341509908_n

Оваа специјализирана програма на исхрана ќе биде дизајнирана токму според вашитефинансиски можности, животен стил и цел! Со цел Вие да бидете задоволни и да се осигурате дали сте на сигурен пат за било што во врска со вашата програма, може да ме контактирате во секое време на мојот приватен e-mail/skype/мобилен телефон и ќе добиете инстантен одговор.

Од кога ќе го порачате персонализираниот режим на исхрана, ќе добиете повратно еден прашалник кој ќе треба да го одговорите и да ми го пратите назад. Со тоа ќе осигураме дека сме на прав пат кон создавање на план специјално дизајниран за вас и вашите цели и можности.

Интересно:  Кој сум јас?

Од кога ќе ми го пратите повратно прашалникот, во период од 2 до 4 дена режимот на исхрана ќе биде создаден и ќе ви биде пратен! Од тој ден натаму, вашата животна трансформација започнува. Дозволете јас да бидам вашиот водиш на тоа патување!

**Овој пакет се наплаќа еднократно. Контактирајте ме за повеќе детали на: мојата фејсбук фан страна или на infomariofit@gmail.com

Share Button