Намалување килограми – зашто вагата може да е вашиот најлош непријател

Многумина кога ќе започнат со нов режим на исхрана или диета, веднаш се опседнуваат со вагата. Како и да е, вагата не е вашиот најдобар избор за да го следите вашиот прогрес.

Со оваа статија ќе докажеме дека вагата може да биде една од вашата најголема пречка при обликување на вашето тело. Исто така ќе објасниме како да останете мотивирани преку некои примери.

Бидете внимателни со вагата и верувајте им на очите.

 

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈКИТЕ НА ВАГАТА НА ПОЧЕТОКОТ ПОЧНУВА БРЗО, ПОТОА УСПОРУВА

Кога започнуваме со диета, забележуваме брзи промени на вагата само поради промена на навиките за исхрана. Секој почеток на било која диета или тренинг програма делува мотивирачки. Гледаме дека килограмите на вагата се намалуваат и поради тоа сме среќни, но не ја знаеме точната причина.

Првите недели од новата диета и тренинг програма дава значителни резултати со намалување на телесната тежина. Најчесто, почетокот на новата диета значи исфрлање на сите шеќери и масти, телото го снабдуваме со добро одбрана храна и конзумираме повеќе вода, и ја зголемуваме нашата активност со тоа што посетуваме теретана. Нашиот метаболизам брзо се адаптира на новата храна, понискиот калориски внес и новата физичка активност. Сите овие фактори го тераат телото да ја намалува телесната тежина во форма на масти и вишок на поткожна вода.

Како и да е, тежинскио тренинг (да, треба да имате вклучено тежински тренинг ако вашата цел е да стопите масти) исто така ќе ви помогне да качите мускулна маса. Додатно, затоа што најголемиот дел од телесната тежина која се намалува доаѓа од вишокот поткожна вода и гликоген (вишок јагленохидрати), ќе почнете да намалувате по 0,5 до 1 килограм неделно. И тука почнува да се намалува и губи мотивацијата…

body-weight-scale

БИДЕТЕ ПСИХОЛОШКИ СПРЕМНИ ЗА УСПОРУВАЊЕ НА ПРОГРЕСОТ

Како што напоменавме, после првите неколку недели од новата диета, прогресот почнува да успорува и навидум изгледа дека повеќе не води никаде. Почнуваме да мислиме дека телото престанало да реагира на диетата, и дека нешто не е во ред. Логички, ако диетата повеќе не делува, зашто да се продолжи ?

Ова е процес на размислување кој не тера да се откажеме. Почнуваме повторно да јадеме храна која воопшто не треба да ја јадеме и сме ја конзумирале пред диетата, и тоа ќе го уништи претходниот прогрес и најверојатно ќе се врати двојно од тежината која што сме ја имале на почетокот. Но работите не мора да бидат вакви.

Еве го трикот кој ќе ви помогне да успеете. Кога ќе достигнете до ваква пречка, престанете да ја користите вагата. Вагата е добар мотиваторот на почетокот, но станува голема психолошка препрека како што поминуваат неделите.

Наместо тоа, почнете да се сликате за да го следите вашиот прогрес на телото. Започнете со првиот ден од диетата. Сликајте се секои 2-3 недели во истата положба.

Ако сакате, може исто така да правите мерки со лента за мерење и да ги запишете покрај вашите слики. Мерете го обемот на вашите нозе,струк и раце.

Кога ќе престане напредокот на вагата затоа што добивате на мускулна маса истовремено кога намалувате масти, сликите ќе ви помогнат да не се обесхрабрувате. Не само што ќе имате визуелен преглед на вашиот прогрес, туку тоа може да го следите преку мерење на обемот на телото.

 

ОБЛИКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО ПО ПРЕПРЕКАТА

Кога намалувањето на телесната тежина ќе се успори, тогаш ќе имате највеќе прогрес. Бројките на вагата во некои случаеви може и да идат нагоре, наместо надоле. Причината за ова е тоа што градите мускулна маса. Девојки, нема потреба да се плашите од терминот “мускули” ! Еве зашто:

  • Телото на жените не произведува тестостерон како телото на мажите. Поради ова не е возможно да добиете “мускули како маж”. Затоа не се плашете да ги кревате теговите.
  • Мускулите ќе ви ги дадат оние убави облини кои ги посакувате.
  • Секој пола килограм мускул троши додатни 50 калории. Што би значело, 4 -5 килограми не само што ќе ви ги дадат посакуваните облини, туку ќе можете да трошите 200-250 калории дневно. Градењето на мускулна маса не само што е клучот за долготрајно намалување на килограмите, туку исто така го тонира телото и ги дава тие женствени посакувани облини.

МУСКУЛИТЕ ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД ТЕЛЕСНИТЕ МАСТИ (САЛОТО)

Нешто што треба да го запомните за мускулите е тоа што тие се потешки од салото. Никогаш не го заборавајте тоа.

Да ја разликата во густината. Густината на мускулот е 1.7 кг / литар додека густината на салото е 0.92 кг / литар. Забелешка: 1 литар е еднакво на 1 кубик дециметар

Ова значи дека 1 килограм мускулна маса зафаќа волумен од 0,59 литри додека 1 килограм сало зафаќа волумен од 1,1 литри. На истата тежина, салото зафаќа повеќе волумен речиси двојно од мускулот. Ова е објаснувањето зашто некој кој е фит и има 80 килограми може да изгледа поубави и потенко од просечна личност која има 80 килограми.

1601562_698988606812266_168941317_n

Затоа не се фрустрирајте кога бројките на вагата не идат во надолна линија. Користењето само на вагата како мерило за вашиот прогрес не е најефективен начин.

Share Button