ИНТЕРВЈУ: Симеон Јанев – Една година подоцна, 60 килограми помалце – From FAT to FIT!

КРАТКИ ПОДАТОЦИ:

  • Години – 16
  • Висина и тежина 178 cm, 84 kg

 

 MarioFit:Како и кога започна да се занимаваш со фитнес ?

Имав 140+ килограми на мои 15 години, и тоа претставуваше огромен психички и физички проблем за мене. Не можев да поднесам да тонам и да бидам мета на исмејување. Иако воопшто немав самодоверба, ментално се фокусирав за промена на физичкиот изглед, почнувајки од 05.03.2015.  

 

MarioFit: Од она што може да го видиме од сликите, ти имаш направено целосна трансформација на својот физички изглед. Како да е сосема друга личност која произлегла од тебе. Иако тој е визуелниот дел, менталната и психолошката промена е она што не секој го гледа, а токму таа е причината и иницијалната каписла за целосниот пресврт. Што те натера да се промениш, како започна сето тоа ?

Поради мојот физички изглед, се делев од останатите. Се срамев од самиот себеси и постојано бев мета на исмејување. Прекуумерената тежина предусловува нарушена самодоверба, а тоа кај мене набргу прерасна во дерпесија и осаменост. Наоѓав утеха во храната, обемни оброци од нездрава храна. Но и покрај целиот ментален хаос и 0 самодоверба, сепак собрав доволно сили да започнам трансформација, веќе не можев да се гледам во огледало и знаев дека е време за промена.

13162012_1181256731905648_1669348205_n (1)

 

MarioFit: Како го доживеа целиот процес ? Какво е чувството кога ќе го достигнеш замисленото ?

Без правилно насочен ум и посветеност, никогаш немаше да постигнам ваков резултат. Промените не доаѓаат сами по себе, треба да се посегне по она што го сакаш. Чувството за резултатите што ги постигнав досега е одлично, меѓутоа има уште многу што сакам да постигнам. Упеав да го победам скептицизмот присутен кај секого, беy подршка да се изборам за подобро јас.

 

Каква реакција имаше опркужувањето ? Можеш да направиш разлика како те доживувале претходно, а како сега ?

Имам добиено безброј позитивни критики, како и хејт од скептици, пред кои успеав да докажам дека имаат погрешно мислење. Go after your dream, no matter how unattainable others think it is.

13182998_1181257071905614_1867827160_n

 

 MarioFit: Можеш да се повикаш на чувствата пред да се промениш, какво и колкаво ти беше нивото на самодоверба и она како ти се гледаше, а какво е сега?

Немав самодоверба апсолутно за ништо, постојано бев под стрес и чувствував страв пред да направам нешто. Сега, имам големо ниво на самодоверба, со кое што знам дека можам да постигнам било, едноставно се ценам повеќе и верувам во своите способности.

 

MarioFit: Нивото и брзината на промената е во директна релација со нивото на мотивација. Сигурно имало моменти кога било многу тешко, кога си сакал да се откажеш. Тоа го почувствувал секој. Но, не секој успеал да го надмине тоа. Од каде ја црпеше твојата мотивација ? Што те тераше да продолжиш и да не се откажеш ?

Имаше моменти кога сакав да се откажам, ми беше многу тешко. Никогаш не дозволив негативната енергија и недостатокот мотивација да ме победат. Имаше моменти кога сакав да плачам, меѓутоа постојано се убедував себеси дека сум посилен, и мотивацијата повторно ми се враќа и продолжувам кон исполнувањето на моите цели. Многупати се релаксирам со навраќање од каде сум почнал и каде сум сега.

55

 

MarioFit: Каков беше твојот начин на исхрана и начин на тренирање за време на трансформацијта ? Каков е сега ?

Многупати претходно се имав обидувано, меѓутоа немав изградено карактер и никогаш не издржував повеќе од 1 недела. 10. Почнав со кардио 2 недели, 10 километри на ден. Исхраната беше драстично променета, со минимален внес на масти и јаглехидрати, а зголемена количина на протеин. По првите 2 недели почнав да посетувам теретана и на овој начин ослабнав 20 килограми за еден месец. Со мојата сегашна диета има големи разлики од почетокот. Имам ефикасна, балансирана диета со макронутриенти кои даваат максимална поддршка на моето тело за време на тренинг..

13152648_1181256945238960_1373072324_n

 

MarioFit: Која е твоја омилена мотивациона изрека ?

If you are going through hell, keep going.

 

MarioFit: После твојот физички пресврт, можам да кажам дека многумина може да се обратат на тебе за совет и мислење како да се променат себеси и што се е потребно да достигнеш цел која ќе си ја поставиш. Што би им порачал на оние што имаат слична или иста цел како твојата ?

Пронајдете мотивација и доволно енергија за целиот ваш фокус да биде пренасочен кон вашата цел. Пред се треба да бидете ментално подготвени за се. Почетокот е тежок но никогаш не дозволувајте да се откажете лесно. Бидете себични и работете сами на себе не обрнувајќи нимание на негативните коментари. Резултатите никогаш не доаѓаат сами по себе.

Share Button