ИНТЕРВЈУ: Никола Стојановски, второ пласиран во категоријата “Бодибилдинг Класик” на “Атлета на Македонија 2016”

КРАТКИ ПОДАТОЦИ:

  • Висина – 177 цм
  • Телесна тежина – 94 кг
  • Години – 23

MarioFit:Како и кога започна да се занимаваш со фитнес ?

Уште од рана возраст се занимавав со спорт, започнав со фудбал но секогаш пројавував интерест кон фитнесот. Најголема мотивација и причина за да влезам во теретана беа моите тогашни бодибилдинг идоли, филмовите, најчесто документарците за познати бодибилдинг икони итн.  Почнав да вежбам пред околу 8 години. Почетоците како и кај повеќето почетници беа аматерски но со огромна мотивација и страст кон спортот. На почеток не многу едуциран, не многу информиран, тешко се снаоѓав но не се откажав, бев упорен. Од ден на ден учев нови работи, бев мотивиран од подобрите од мене.. Не застанав и нема да застанам бидејки тоа е веќе мојот начин на живот.

MarioFit: Која тренинг програма и тренинг сплит ви ги дал најдобри резултати ?

Секогаш тренинг програмата ми била варијабилна. После секој втор или трет тренинг за одредена мускулна група правам измена на 70% од вежбите, таквиот начин на тренинг има најдобар ефект за моето тело и сметам дека со постојани исти тренинзи без никакви измени ефектот и мускулниот раст стагнира. Најчесто кога сум во фаза на качување на мускулна маса ги вежбам сите мускулни групи одделно, по еднаш во неделата гради, нозе, раце, рамо и грб останатите 2 дена се за одмор или тренинг на послабите мускулни групи.  Тренинзите ми се најчесто со поголеми или максимални тежини и помалку повторувања. Додека во фаза на дефинирање мускулните групи ги комбинирам и во 3 до 4 дена ги вежбам сите мускули. Тренинзите се состојат од супер сетови, повеќе вежби, повеќе серии, повеќе повторувања  но со помала тежина.

MarioFit: Кога би бирале 3 најдобри вежби според вас, кои би биле тие ?

Тренингот за рамо е еден од моите омилени тренинзи. Една од нај омилените вежби и според мене една од најефективните е “Shoulder Dumbell Press” (еднорачни тегови на статична клупа) односно клупата се стационира под одреден агол за точно подигањето на тежината да е таргетирана на предното рамо.

Исто така во омилени вежби би ја селектирал и вежбата која сигурно е омилена на поголемиот дел од посетителите на теретаните тоа е Бенч Прес. Една од основните и според мене исто така најефективната вежба за гради и е најчесто дел од секој мој тренинг за гради.

Да не ја изоставиме и најголемата мускулна група – нозете, мускулна група на која последниот период ставам најголем акцент и обрнувам најголемо внимание. Тука би ја издвоил кај нас така наречената вежба “чучањ” ili Squats. Клучната вежба за “изградба” на мускулите на нозете.

MarioFit: Како изгледа вашиот моментален начин на исхрана ? Како во фазата на качување на мускулна маса, а како во процесот на дефиниција ?

Мојот моментален начин на исхрана е адаптиран и во фаза на качување мускулна маса. Тоа е еден вид на off-season форма и малку ‘’поопуштен’’ период со исхраната во споредба со периодот на дефиниција. Во овој период внесувам поголемо количество јаглехидрати и масти во споредба со периодот кога сум на дефинирање, понекогаш достигнувам и до 500-600 гр хидрати на ден. Исто така хидратите, протеините и мастите ги внесувам од малку поголемо мени на храна. Количината на протеини без разлика во која фаза сум секогаш е скоро иста т.е минимум 180 до 200 гр протеини дневно. Вклучувам разновиден зеленчук и овошје речиси со секој оброк преку кое ги внесувам поголемиот дел на витамини кои му се потребни на организмот. За време на периодот на маса си дозволувам почесто “Cheat Meal” за разлика од периодот на дефиниција.

Во фаза на дефиниција хидрати внесувам од ориз, овес, грашок, пченка итн.. и исто така правам варијации некогаш 200гр хидрати дневно а некогаш и 0гр. Масти внесувам  најчесто од јадкасти плодови лешник, бадем… А од протеинска храна најчесто пилешки стек или риба, ослич или панга. Исто така внесот на зеленчук и овошје ми е строго селектиран, дури и во последните периоди на оваа фаза кога се припремам за натпревар не внесувам никакво овошје ни зеленчук.

untitled

MarioFit: Кои суплементи ги користите ?

Користам Whey Protеiн преку цела година со цел да надохнадам внес на протеин во организмот или да заменам протеински оброк најчесто после тренинг. Исто така конзумирам BCAA и Glutamin насабајле и после тренинг. Кога сум во “bulking” фаза во мојата суплиментација додавам и креатин по 5гр пред и после тренинг. И да не заборавам еден од моите омилени суплементи Pre-Workout  го конзумирам скоро пред секој тренинг.

MarioFit: Кои се вашите цели за иднината ?

Верувам дека сум само на почетокот на мојата фитнес кариера, работам секојдневно и неуморно за да дојдам до подобри резултати со цел да ги остварам моите цели. Ке продолжам да се натпреварувам и се надевам дека ке остварам многу подобри резултати, во и надвор од нашата земја во иднина а со тоа се надевам ке ми се отворат нови врати и се разбира нови цели.

MarioFit: Од каде ја црпите вашата мотивација ?

Најчесто црпам мотивација од самиот себе. Можда малку невообичаено но најмногу се мотивирам кога се гледам самиот себе пред неколку години, на предходниот натпревар, пред  1 месец, пред  1 ден па дури и кога се гледам пред огледало. Ја гледам мојата секојдневна трансформација а тоа ми ја зголемува вољата за да продолжам понатаму со уште поинтензивно темпо.

MarioFit: Која е вашата омилена мотивациона изрека ?

Мојата омилена мотивациона изрека, “You, me, or nobody is gonna hit as hard as life. But it ain’t about how hard you hit. It’s about how hard you can get hit and keep moving forward. How much you can take and keep moving forward. That’s how winning is done!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *