ИНТЕРВЈУ: Иван Иванов – светлата точка на македонската бодибилдинг сцена!

КРАТКИ ПОДАТОЦИ:

  • Години: 22
  • Висина: 181cm
  • Тежина: 95кг

 

Натпреварувач во категорија јуниори уште од 21 година, имам учествувано на 2 натпревари: Куп на Македонија, април 2015 и Атлета на Македонија 2015год. Во моментов се припремам за престојниот натпревар куп на Македонија 2016, 23 Април. Преостануваат уште 6 недели. Претставник и член на фитнес клубот  “Магнус” од Скопје.

 

MarioFit: Како и кога започнавте да се занимавате со фитнес ?

Со Фитнес, односно Бодибилдинг почнав да се занимавам од 13 и пол години, уште летото кога завршив основно училиште, август месец 2007 година. На овие години бев релативно слабо детенце, со само 55 килограми. Инспириран бев од сите оние батки што ги гледав на телевизија, по разни спотови, реклами, филмови, од батките што секојдневно ги здогледував на улица, а двоеја од другите луѓе, како појава ми делуваа моќни и сакав да бидам како нив. Им се восхитував на нивната мускулатура, на нивната маженственост и за мене тоа претставуваше пример за тоа како треба да изгледа еден маж! На тие години, полн со енергија, ентузијазам и мотивација, прв пат стапнав во бодибилдинг и фитнес клубот Гладијатор, во Кисела Вода, во студентскиот дом Пелагонија на 1ви август далечната 2007 година. Уште на првиот тренинг, збунет, изгубен и не знаев што да правам со себе, од каде да почнам и каде да завршам, ги гледав од мене доста постарите момци како тренираат и уште толку тоа ме исполни со мотивација. Од тој ден, од тој момент, сеуште тренирам секој ден, речиси 10 години. Тоа беше денот кога почувствував и сфатив што е тоа што вистински го сакам и што ќе ме исполнува.

iivan

 

MarioFit:Која тренинг програма, тип на тренинг и тренинг сплит ви дава најдобри резултати ?

 

Off season, односно вон такмичарска сезона, практикувам да ги вежбам сите мускулни партии по еднаш неделно, со тоа што би направил сплит програма во која би можел да вметнам ден плус за некоја послаба мускулна партија (на пример кај мене тоа се рацете и листовите). Понеделник би вежбал гради со бицепс и листови, вторник би вежбал грб со трицепс и стомачни, среда нозе (без листови) , четврток ден за одмор, петок раце и листови, сабота рамо и стомачни и недела ден за одмор. Додека пак, кога сум во фаза на спремање за натпревар, практикувам да ги вежбам сите мускулни партии 2 пати неделно, а сплитот би изгледал вака: понеделник гради во супер серии со грб, а потоа листови, вторник рамо и раце (бицепс – трицепс наизменично во супер серии) и стомак, среда нозе, четврток петок и сабота се повторува истото, недела ден за одмор. Исто така како за промена практикувам сплит од типот: понеделник гради со предно рамо, средно рамо и бицепс и листови, вторник грб, трапези, задно рамо, трицепс и стомак, среда нозе, четврток, петок и сабота се повторува истото, недела ден за одмор.

 

ivan2

 

MarioFit: Ако би одбрале 3 вежби кои се најефективни и ви се омилени, ко би биле тие ?

3 најефективни вежби според мене би биле, бенч прес, веслање во претклон и чучњеви. Со овие 3 вежби би можеле да ги изработите речиси сите мускулни партии на телото.

ivan3

 

MarioFit: Како изгледа вашиот моментален начин на исхрана ? Како во фазата на качување на мускулна маса, а како во процесот на дефиниција ?

 

Бидејќи имам уште 6 недели од престојното државно првенство, моменталниот начин на исхрана ќе пробам да го објаснам накратко. Протеините ги црпам од пилешко месо, мисиркино бело месо, говедско месо, риба – ослич, туна, јајца и протеински додатоци во исхраната, односно суплементи. Протеинскиот внес за време на припрема за натпревар ми е на минимум од 200гр. Дневно. Млечни производи за време на подготовка на натпревар не консумирам. Јаглехидратите ги циклирам по потреба, понекогаш сум на 300гр дневно, понекогаш на 0, се во зависност од тоа како изгледам и од целите кои сакам да ги постигнам. Јаглехидрати црпам од производи кои содржат јаглехидрати со низок гликемиски индекс како оризот, грашокот, овесот, слаткиот компир и др. Од масти, внесувам строго незаситени масни киселини и ги црпам од производи како ладно цедени масла, јаткасти плодови – бадеми, ореви, лешници и семиња како лененото семе – чиа семето и.т.н. Овошјето во оваа фаза од припремата ми е изоставено бидејќи содржи прости шеќери, односно јаглехидрати со висок глихемиски индекс затоа што ми треба стабилно ниво на гликоген во крвта за оптимален мускулен раст и енергија. Од вкупно 14 недели припрема, до четвртата недела од натпреварот, по потреба знам да си дозволам и таканаречен “cheat meal”, со кој се надополнуваат резервите на гликоген во крвта и воедно се освежува телото со енергија. Во “off season” фазата, односно фазата на качување на мускулна маса, јаглехидратите никогаш не ги спуштам под 200гр на ден, со тоа што не се ограничувам толку многу со храната и знам понекогаш, се разбира не секојдневно, по некое слатко задоволство. Протеинскиот внес на дневна база не го бројам, со тоа што практикувам да изедам што повеќе протеини во денот. Исто така, во оваа фаза, внесот на заситени масни киселини ми е значително поголем, бидејќи тие играат клучна улога за хормоналниот баланс во телото и позитивно влијаат на телото за лачење на тестостеронот, но не е доминантен во сооднос со незаситените масни киселини.

ivan4

 

MarioFit: Кои суплементи ги користите ?

 

Од суплементи, љубител сум на “pre workout” производите, односно стимулансите, и вазодилаторите како ААКГ – аргининот, а инаку редовно консумирам, а и како единствени што вредат за мене, можам да ги издвојам Whey протеинот, BCAA и глутаминот. Од Whey протеините, омилен ми е хидроизолатот од телешко месо, поради својата нутритивна вредност, а исто така и изолатот. За време на припрема за натпревам користам строго Whey изолат поради брзата апсорпција и неверојатно ниското ниво на јаглехидрати и калории. “Off season” користам и whey Концентрат, а понекогаш и казеин, но не толку често. За време на тренингот, редовно консумирам 10гр. BCAA, а исто така 10гр консумирам и веднаш по будење наутро, додека се освестам и го припремам првиот оброк. Глутаминот го користам после тренинг, помешан со whey протеинот. Исто така да напоменам дека за здраво тело и здрава околина за градење нови мускули, консумирам редовно мултивитамини, витамин Ц, ZMA (цинк, магнезиум, Б6) и омега 3.

 

ivav

 

MarioFit: Кои се вашите идни цели во фитнес индустријата ?

 

Првата цел ми е секогаш да се победам себе, а одредена цел во фитнес индустријата немам, бидејќи давам се од себе за секој натпревар, на секој тренинг, секој ден, секоја минута и секунда во денот и ќе продолжам со ист интензитет и ќе оставам тоа да ме однесе во вистинска насока, ќе дадам се од себе за да мојот потенцијал биде забележан, па кој знаe, можеби еден ден ќе се појавам на насловната на FLEX, или Muscle&Fitness!

 

ivanv

 

MarioFit:Од каде ја црпите вашата мотивација ?

 

Јас лично мотивацијата ја црпам од огледалото. Кога ќе застанам пред огледало, таму го гледам мојот противник и таму ја пронаоѓам мојата мотивација, а за време на тренинг, добра музика знае да ми го крене адреналинот и мотивацијата на посебно ниво!

ivavv

 

MarioFit:Која е вашата омилена мотивациона изрека ?

 

Како мотивациона изрека што во целост ме опишува мене, како се чувствувам и како живеам ќе ја издвојам следната:

For me, life is continuously being hungry. The meaning of life is not simply to exist, to survive, but to move ahead, to go up, to achieve, to conquer!

-Arnold Schwarzenegger

 

ivavvv