ИНТЕРВЈУ: Антонио Димовски – 3 во 1- улично вежбање, бодибилдинг & екстремен велосипедизам!

 

 MafioFit:Кој е Антонио Димовски?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Имам 23 години и живеам во Скопје. Спортот е тоа што ми дава смисла на животот. Од мал сум спортски активен, започнав со тенис, потоа карате десетина години, екстремен велосипедизам веќе десет години, теретана и улично вежбање.

 

ан

 

MarioFit: Што е улично вежбање и од каков тип на вежби се состои?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Корените на уличното вежбање потекнуваат од античкиот свет. Станува популарно во Русија, Источна Европа и Сад. Денес е раширено низ целиот свет и од 2011 година се одржуваат светски натпревари. Опфаќа елементи од гимнастика и вежби со сопствена тежина и бара физичка сила, брзина, баланс и кондиција. Поделено е на две поголеми групи и тоа слободен стил и вежби со повторувања. Кај слободниот стил имате две до три минути да покажете се’ што знаете, а повторувањата се состојат од вежбање на вратило, разбој, склекови, стомачни на коса клупа и други вежби.

 

12769571_1565807217043716_923064038_n

 

MarioFit:Колку време се занимаваш со уличното вежбање?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Со овој тип на вежбање сум пет години, од кои поактивно последниве две-три години и секојдневно ги согледувам придобивките од истото. Преку вежбањето можете да се натпреварувате сами со себе, да ја поместувате границата и да ја согледате способноста на вашето  тело и вашиот дух.

112

 

MarioFit: Дали го комбинираш со теретана или некој друг спорт?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Да, уличното вежбање го комбинирам со теретана за подобри резултати. Покрај ова се занимавам и со екстремен велосипедизам. Сето ова е еден одличен микс на активности преку кои што можете да зајакнете физички и психички.

44

445

 

MarioFit: Како го интегрираш спортот во твоето секојдневие, колку време ти одзема?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Оваа година со тимот се подготвуваме за неколку натпревари. Поради ова некои денови правам дупли тренинзи. Наутро во сала за гимнастика вежбам слободен стил околу два часа, а попладне теретана или по дома повторно околу два часа. Ако сакате побрз напредок, логично е повеќе да вложите. Секогаш има време за се’, со добар план се’ може да се постигне.

56

 

MarioFit: Дали си учествувал на некои натпревари?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Досега учествував на два натпревари, на FIBO во Келн и во Ваљево, Србија. Натпреварот во Келн беше од светски ранг, беа присутни најдобрите во овој спорт. Се натпреварував во кревање на разбој со тежина од плус 48 кг и вратило со плус 32 кг и имав добар резултат. Ова беше мотивација да продолжам да вежбам уште понапорно и да се подготвувам за следните натпревари. Во Србија освоив второ место во слободен стил и второ место во апсолутни згибови. На овој натпревар бев и дел од тимот на судии во категоријата на склекови и згибови.

567

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

MarioFit: Како е развиен овој спорт во Македонија, каков е интересот кај младите?

 

Антонио ДИМОВСКИ: Интересот во Македонија за спортов е се’ поголем. Со уште четворица другари со кои вежбаме составивме тим и сега официјално ќе може да настапуваме на следните натпревари под едно име – Rise up bars. Дел од тимот се Даријан Стојаноски, Александар Христовски, Мартин Стојчевски и Стјепан Стилиновиќ. Спортов покрај во Скопје, е развиен и во Свети Николе, Гостивар, Битола и Куманово. Понекогаш правиме заеднички тренинзи со Bar Gladiators od Куманово и имаме добра соработка. Bar Gladiators го организираат првиот меѓународен наптревар во улично вежбање во Македонија на 19 јуни во Куманово. Поканети се сите кои го сакаат овој спорт и кои сакаат да покажат што знаат.

ѕѕ

 

MarioFit: Кои се твоите цели за 2016 и што би им порачал на младите?

 

Антонио ДИМОВСКИ: На 26ти март има меѓународен натпревар во Ајндховен, Холандија. Ќе се натпреварувам слободен стил, на вратило и склекови. Се подготвувам за меѓународните натпревари во Куманово и Ваљево. Сакам да направам добри резултати, но сепак најважното во овој спорт е каков ќе се изградите во процесот на трансформацијата, како физички така и психички. Планирам да направам ново видео сам и друго со тимот, со цел да привлечеме повеќе млади луѓе да го изберат спортот како вистинскиот пат во животот. Грижете се за своето тело и вратете му, како што тоа ви е верно! Секој од нас има 24 часа во денот, искористете ги разумно и успехот е загарантиран! Бидете што сакате, но бидете свои и запаметете дека навреда е животот да го преспиете! Вежбајте!

66

 

 

Успех е способноста да се премине од еден неспех на друг без губење на ентузијазмот! Ти си твојата мисла – биди што сакаш, биди победник!

Антонио Димовски

 

Share Button