ИНТЕРВЈУ: Александар Трајковски – Апсолутен победник на “Атлета на Македонија 2016”

КРАТКИ ПОДАТОЦИ:

  • Висина – 178 цм
  • Телесна тежина – 88 кг

MarioFit:Како и кога започна да се занимаваш со фитнес ?

Првите почетоци во фитнесот и бодибилдингот ми беа пред 15-тина години во клубот “Билдер” во Скопје во сопственост на Јовче Василевски. Причината за започнување со овој спорт беше мојата мала телесна тежина. Во тоа време активно се бавев со спортско и натпреварувачко карате, поради тоа моето тело беше издефинирано, но со мала мускулна маса. Како и секој вљубеник во бодибилдингот имав сопствена домашна мини теретана, која содржеше неколку рачно изработени тегови, но тоа не беше доволно.

 

MarioFit: Која тренинг програма и тренинг сплит ви ги дал најдобри резултати ?

Немам одредена тренинг програма по која ги спроведувам тренинзите, туку самиот правам програма од вежби, во зависност од тоа кој дел од моето тело има потреба за поголем напредок во полза на симетричноста. Но понекогаш знам да ги вметнам програмите дог-крап и 5×5 , со цел да ја зголемам мојата сила и мускулна маса.

Моментално ја следам оваа тренинг програма и сум многу задоволен од резултатите кои ми ги дава :

– Понеделник :   НОЗЕ (квадрицепс)   /   ЛИСТОВИ

– Вторник :            ГРАДИ (горен дел)   /   РАМО (среден дел)

– Среда:                  ГРБ (pull-up,pull-down )  /  РАМО (задно)  / ТРАПЕЗИУС  /  ГРБ (row)

– Четврток:           НОЗЕ ( задна ложа )  /  ЛИСТОВИ

– Петок:                  РАМО /  ГРАДИ (среден и долен дел)

-Сабота:                РАЦЕ

п.с    кардио и вежби за стомак наутро на празен стомак.

 

MarioFit: Кога би бирале 3 најдобри вежби според вас, кои би биле тие ?

Имам повеке омилени но кога би морал да одберам три, тие би биле: рамен бенч прес со шипка, странично летање за средно рамо и “duck” хак чучњеви на машина.

 

 

MarioFit: Како изгледа вашиот моментален начин на исхрана ? Како во фазата на качување на мускулна маса, а како во процесот на дефиниција ?

Во моментов сум во фаза на дефиниција поради припремите за предстојниот балкански шампионат во бодибилдинг и фитнес , а го користам начинот на исхрана – низок внес ј.хидрати и ротирачки внес  ј.хидрати (50гр,120гр,180 гр) .Вон сезона во фаза на качување мускулна маса го зголемувам внесот на јагленихидрати, а поради мојот брз метаболизам вметнувам неделно и по некој чит оброк.

 

 

MarioFit: Кои суплементи ги користите ?

Суплементи како додатоци покрај 4-те обични оброци се протеин изолат , глутамин , бцца , креатин и декстроза во вид на шејк, како прв оброк и оброк после тренинг поради подобрата и побрза апсорбација во мускулите.

 

MarioFit: Кои се вашите цели за иднината ?

После успешниот резултат што го постигнав и освоив 1-во место во полутешка категорија и апсолутен победник во бодибилдинг на “АТЛЕТА НА МАКЕДОНИЈА 2016” кој се одржа на 17.09.2016 год. ,  мојата следна цел е успешно да ја претставам нашата држава на балканскиот шампионат кој ке се одржи на 21-23 окт. 2016 год. во соседна Србија.

 

MarioFit: Од каде ја црпите вашата мотивација ?

Високото ниво на мотивираност e клучна во овој можеби и најтежок спорт, бидејки припремите траат 24/7 , од тешки тренинзи , саати поминати во припремање на оброците, откажување од многу работи кои биле дел од моето секојдневие . Но љубовта кон овој спорт ме држи мотивиран да продолжам понатаму и покрај сите препреки и искушенија. Тука несмеам да ја изоставам и поддршката од моите најблиски која ми е многу потребна за која сум им многу благодарен.

 

MarioFit: Која е вашата омилена мотивациона изрека ?

” I count my repetitions After I will feel the pain !!! ” 🙂

 

Следете го на неговиот fan page – Александар Трајковски и на неговиот YOUTUBE канал