Владимир Ангелов со топ 10 пласман на 69тото IFBB World Bodybuilding Championships

Нашиот едиствен учесник на 69тото светско првенствно во бодибилдинг и бодибилдинг класик, Владимир Ангелов, во пресилната конкуренција од повеќе од 25 натпреварувачи во неговата категорија, го освои 10тото место. Во однос на тоа од каков “калибар”, квалитет и искуство се конкурентните натпреварувачи, и 10тото место е повеќе од добро. Како и повеќето натпреварувачи кои се натпреваруваат на интернационални натпревари, за жал така и Владимир своите припреми ги поминува и издржува на свој трошок, без ниту еден спонзор. Нешто што не е случај кај неговата конкуренција.

 

За тоа дека овој натпревар е од висок ранг докажува и фактот дека имало околу 700 ученици од 60 земји. Доминантни натпреварувачи на овој натпревар биле од репрезентацијата на Иран, односно блискиот исток кои се закитиле со најмногу златни медали. Исто таква доминација имале и Корејците во полесните категории. Интересен факт е дека се повеќе и повеќе земаат на замав земјите од блискиот исток, од година во година имаат се поквалитени натпреварувачи. Веројатно за тоа има влијание и спонзорирањето на натпреварувачите од богати бизнисмени и шеици.
За разлика од претходно, гинекомастија и слични недостатоци биле строго санкционирани од судиите.

 

Честитки Владимир за успехот, ти посакуваме долготрајност и вечност во спортот со што повеќе златни медали околу вратот!

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *